Централната изборна комисија соопшти дека наследникот на Уго Чавес победил на претседателските избори. Николас Мадуро доби 300 илјади гласови повеќе од неговиот противник Енрике Каприлес. Скоро 19 милиони граѓани имаат право на глас. Изразено во проценти, Мадуро освоил 50,8 а Каприлес 49,1 насто.
Говорејќи пред приврзаниците по соопштувањето на изборните резултати, Мадуро изјави дека ќе поддржи пребројување на гласовите за да не дозволи ни тронка сомневање во неговата победа.
„Јас официјално побарав од Националниот изборен совет да изврши ревизија на изборните резултати за да не се остави сомнеж за резултатот. 7,5 милиони Венецуелци рекоа Мадуро да биде претседател до 2019 година, па тоа треба да се почитува“, изјави Мадуро.
Пребројување побара и опозицискиот кандидат Каприлес кој изјави дека нема да ги признае резултатите.
Пред соопштувањето на резулатите Каприлес рече дека владата спроведува заговор со цел да му биде оспорена победата, а веднаш откако Изборната комисија го прогласи победникот, тој оцени дека Мадуро сега бил понелегитмен претседател од порано.
„Јас денеска не се борев против еден кандидат. Ние се боревме против користењето на секој јавен ресурс, против злоупотребата на нашите јавни институции и сето она што значи моќ.“
За време на изборната кампања Николас Мадуро им вети на граѓаните на Венецуела дека ќе го продолжи она што неговиот претходник Уго Чавес го нарече „социјализам на 21 век“ со многу поголеми владини програми за сиромашните и со државна контрола врз економијата, пред се врз најголемите нафтени резереви во светот.
Каприлес, пак, во текот на кампањата ја обвини владата за зголемување на инфлацијата и за растечкиот криминал, наведувајќи дека сегашниот режим ја води земјата во колапс.
До овие избори дојде откако во минатиот месец, по долга борба со ракот почина Уго Чавес кој всушност и го избра Николас Мадуро за негов наследник.
Чавес на изборите за претседател во октомври лани со 55 насто од гласовите го победи Каприлес, но неговата здравствена состојба се влоши и тој никогаш официјално не беше инаугуариран за наредниот шестгодишен мандат.
Претседателската изборна кампања траеше помалку од две недели, а главни кандидати беа 50 годишниот шеф на дипломатијата Мадуро и 40 годишниот гувернер на најнаселената држава Миранда, Каприлес.
Пред крајот на кампањата Мадуро го посети гробот на Чавес при што беше придружуван од аргентинската фудбалска легенда Диего Марадона, кој исто така зеде учество во кампањата на Мадуро.
Новиот претседател на Венецуела треба да положи заклетва на 19 овој месец.

Јас официјално побарав од Националниот изборен совет да изврши ревизија на изборните резултати за да не се остави сомнеж за резултатот.Николас Мадуро, потпретседател на Венецуела.
Пребројување побара и опозицискиот кандидат Каприлес кој изјави дека нема да ги признае резултатите.
Пред соопштувањето на резулатите Каприлес рече дека владата спроведува заговор со цел да му биде оспорена победата, а веднаш откако Изборната комисија го прогласи победникот, тој оцени дека Мадуро сега бил понелегитмен претседател од порано.
„Јас денеска не се борев против еден кандидат. Ние се боревме против користењето на секој јавен ресурс, против злоупотребата на нашите јавни институции и сето она што значи моќ.“
За време на изборната кампања Николас Мадуро им вети на граѓаните на Венецуела дека ќе го продолжи она што неговиот претходник Уго Чавес го нарече „социјализам на 21 век“ со многу поголеми владини програми за сиромашните и со државна контрола врз економијата, пред се врз најголемите нафтени резереви во светот.
Јас денеска не се борев против еден кандидат. Ние се боревме против користењето на секој јавен ресурс, против злоупотребата на нашите јавни институции и сето она што значи моќ.Енрике Каприлес, кандидат за претседател на Венецуела.