Поранешната британска премиерка Маргарет Тачер почина на 87 годишна возраст. Според нејзиниот портпарол Тачер починала од мозочен удар. Таа во 1975 година стана првата претседателка на Конзервативната партија, а потоа и прва претседателка на владата на Обединетото Кралство. Функцијата ја извршуваше од 4 мај 1979 до 28 ноември 1990 година.
Маргарет Тачер, ќерка на сопственик на мала продавница, добила стипендија да студира хемија на Универзитетот во Оксфорд и како млада конзервативка ги развивала своите ораторски способности и јавни обраќања. По два неуспешни обида, Тачер во 1959-та година станува пратеничка во британскиот парламент, а почнува да расте и нејзиниот рејтинг во Конзервативната партија. Во 1975-та година таа доаѓа на чело на партијата, а во 1979 станува премиерка, прва жена премиер во Велика Британија.
Нејзиниот прв предизвик беше кога му се спротистави на работничкото движење, кое беше доволно силно за да соборува влади. Тачер ја совлада моќта на организираните работници и воведе законски рестрикции на нивните активности, кога и го доби прекарот Железна Леди. Таа беше борец за слободни и суверени индивидуи. Истата идеологија ја спроведуваше и во владата, обновувајки ја слободната пазарна економија во британското општество, за кое сметаше дека се развива бавно и е зависно од државната интервенција. дговорот, според неа, беше дерегулација, намалување на даноците, овозможување на развој на компаниите и подобрување на расположението на луѓето.
Во тоа време, Тачер беше контроверзна фигура. Нејзината економска политика ја раздвижи Британија, но во исто време се зголеми и јазот меѓу богатите и сиромашните што доведе и до продлабочување на социјалните проблеми.
Нејзиното партнерство со американскиот претседател Роналд Реган за време на 80-тите години, му обезбеди глобално лидерство на новото конзервативното движење, кое покрај залагањето за слободниот пазар, приватизацијата и намалувањето на улогата на државата, се бореше и против комунизмот.
„Ние двајцата дојдовме на власт во нашите земји верувајки во исти работи, но ние велиме дека нашите нации не живеаат според најдобрите можности што ги имаме“, изјави во една прилика Тачер за односите со Реган, нагласувајки дека и Британија и САД имаат проблеми, па основното прашање е како од песимизам да се премине на гордост”.
Кога Михаил Горбачов дојде на власт во Советскиот Сојуз, беше во посета на Велика Британија на покана од Тачер која оцени дека тој е човек со кого може да се соработува. Маргарет Тачер ја покажа цврстината и во време на конфликтот со Аргентина за Фокландските острови во 1082-ра година. Си замина од политиката во 1990-та година кога се отвори прашањето за односите на Британија со Европската Унија.Таа секогаш беше скептична во врска со поблиските односи на Британија со Европа, преферирајки поголемо партнерство со САД. Но, стилот на владеење Тачер - Реган, дерегулацијата и во глобалниот финансиски сектор, се смета и за една од причините за финансиската криза во 2007-ма година која доведе и до глобалната рецесија.
Тачер боледуваше, односно здравствената состојба и се влоши од почетокот на од 2002-ра година, а во минатиот месец беше соопштено дека се повлекува од јавниот живот од здравствени причини.