Достапни линкови

За дебарскиот муфтија гласаа сите партии


Ружди Љата, градоначалник на Дебар.
Ружди Љата, градоначалник на Дебар.

Граѓаните на Дебар веруваат дека со доаѓањето на Ружди Љата од дебарски муфтија на градоначалничката фотелја, ќе продолжат добрите етнички и верски односи во општината.

Дебар во првиот круг го доби новиот градоначалник. Тоа е кандидатот на ДУИ Ружди Љата, инаку досегашен дебарски муфтија, кој доби јавна поддршка и од македонскиот блок на политички партии, но и од партиите кои политички ги организираат Турците и Ромите. Во Дебар на овие избори политичките партии на локално ниво имаа свои ставови околу коалициите кои ги прилагодија во однос на зачувување на етничките и верските традиции во општината.
За мене гласаа сите политички партии во Дебар. Јас и досега како верски претставник им служев на сите. Верската и етничката толеранција ми е традиција која е многу стара, а како пример ќе наведам дека во 1912 кога починал муфтијата Хаџи Веби Дибра, за кого седум дена камбаните на црквите биеле секое утро во знак на жалост за неговата смрт, бидејќи тој ги почитувал, како муслиманите така и христијаните, и имал големо значење во добрите односи меѓу едните и другите. Тоа мене ми е наследство и тоа ќе го развивам.
Ружди Љата, градоначалник на Дебар.

Љата од вкупно излезени 8.056 гласачи доби 6.048 гласови, односно над 70 насто, додека неговите противкандидати Меџит Дика од ДПА 1.174 и независниот кандидат Ибрахим Колари 1.235 гласови.

Ако се има предвид дека ДУИ во коалиција со ПЕИ и Нова демократија собраа на локалните избори 3.800, тогаш е јасно дека другите гласови досегашниот дебарски муфтија ги доби и од Македонците, Турците и Ромите кои живеат во Дебар. Него го поддржаа и ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и другите неалбански партии. Љата вели дека и сега е градоначалник на сите дебарчани без оглед на различностите:
Драган Клопчевски члена на ВМРО-ДПМНЕ -Дебар.
Драган Клопчевски члена на ВМРО-ДПМНЕ -Дебар.

„За мене гласаа сите политички партии во Дебар. Јас и досега како верски претставник им служев на сите. Верската и етничката толеранција ми е традиција која е многу стара, а како пример ќе наведам дека во 1912 кога починал муфтијата Хаџи Веби Дибра, за кого седум дена камбаните на црквите биеле секое утро во знак на жалост за неговата смрт, бидејќи тој ги почитувал, како муслиманите така и христијаните, и имал големо значење во добрите односи меѓу едните и другите. Тоа мене ми е наследство и тоа ќе го развивам.“
Во последните 20 години ние ваков кандидат немавме, а тоа се покажа и за време на изборите кога Љата доби поддршка од околу 80 отсто. Овој избор е одличен бидејќи е избран човек со сите особини на татко на нашиот град.
Драган Клопчевски.

Познатиот дебарски лекар интелектуалец и активист на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Клопчевски смета дека Љата и како муфтија и како интелектуалец бил вреден и има дадено многу за сожителството во Дебар. Клопчевски додава дека Љата и како градоначалник ќе ги продолжи неговите опции за соживот.

„Во последните 20 години ние ваков кандидат немавме, а тоа се покажа и за време на изборите кога Љата доби поддршка од околу 80 отсто. Овој избор е одличен бидејќи е избран човек со сите особини на татко на нашиот град.“

Според податоците, изборот на Љата за градоначалник на Дебар за разлика од досегашните градоначалници го карактеризира големата разлика на гласови во споредба со неговите конкуренти, но и масовната поддршка што тој ја има добиено од сите граѓани без разлика на нивната етничка и верска припадност.

Политичките партии кои го поддржаа Љата за градоначалник сметаат дека таа поддршка ќе продолжи и во советот на Дебар кој има 15 членови, каде што ДУИ и коалицијата ПЕИ и Нова демократија обезбедија 8 советници, ВМРО-ДПМНЕ - 2, СДСМ - 1, ТДП - 1, ДПА двајца и еден независен советник.

Граѓаните на Дебар веруваат дека со доаѓањето на Љата од дебарски муфтија на градоначалничката фотелја, ќе продолжат добрите етнички и верски односи во општината. Според политичките партии, исто така се верува дека широката коалиција која ја има новиот градоначалник ќе влијае позитивно и во реализацијата на проектите за развој на Дебар.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG