00:21
25.3.2013
Груевски - Убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ
Победата е и над нашите претходни очекувања, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат победа во најмалку 25 општини во првиот круг, а во 32 е во водство.
00:51
25.3.2013
Кондарко - Бројни сериозни нарушувања на изборниот процес
Претседателот на ДИК Борис Кондарко рече дека изборниот ден помина без насилство и без предизвикување физички инциденти, но дека, според сознанијата и информациите на ДИК, имало и огромен број сериозни нарушувања на изборниот процес и постапката за гласање во и вон гласачките места.
01:41
25.3.2013
Црвенковски - Сите опции се отворени, вклучувајќи и неучество во вториот круг
Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски на прес конференција оцени дека овие избори биле сè, само не фер.
06:48
25.3.2013
Победа на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ обвинува за нерегуларности
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа на локалните избори, опозицијата обвини дека изборите не биле фер и демократски и се закани со бојкот на вториот круг. Домашните набљудувачи нотирале бројни неправилности, а претседателот на ДИК Борис Кондарко рече дека информациите за многуте сериозни нерегуларности треба да бидат истражени.