20:42
24.3.2013
Заев прогласи победа на Фејсбук
Актуелниот градоначалник на Струмица на неговиот Фејсбук профил напиша дека убедливо води на локалните избори во градот.
„И покрај сите закани, притисоци, уцени што се правеа во текот на целиот ден и на сите гласачки места, Зоран Заев на неполн час пред затворањето на гласачките места води убедливо во Струмица со 8.220 гласови. Струмица знае и докажува на кого му ја дава довербата“, напиша тој.
21:02
24.3.2013
Јанкулоска - Најдобро организирани и најчисти избори
Локалните избори 2013 година се одвиваа во мирна, фер и демократска атмосфера. Не е регистриран ниту еден посериозен инцидент. Гласањето на избирачките места се одвиваше без проблеми и без нарушување на избирачкото право, оцени министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
21:28
24.3.2013
ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во Македонска Каменица, Вевчани, Демир Капија и Дојран
Македонска Каменица, Вевчани, Демир Капија и Дојран се општините во кои ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа уште во првиот круг на локалните избори што се одржаа денеска.
21:44
24.3.2013
Набљудувачите на МОСТ забележале бројни неправилности
Граѓанската асоцијација МОСТ вечерва објави неправилности што ги забележале нивните набљудувачи на одредени избирачки места во тек на локалните избори, меѓу кои семејно гласање, фотографирање гласачки ливчиња, некористење УВ ламба...