12:55
24.3.2013
Во Куманово и околните општини засега без проблеми, јавува нашиот дописник: http://www.makdenes.org/archive/news/20130324/428/428.html?id=24937437&nocache=1
12:41
24.3.2013
ДИК - Најголем одзив досега во Кратово. Прочитај http://www.makdenes.org/archive/news/20130324/428/428.html?id=24937432&nocache=1
Детални податоци за одзивот по општини: http://217.16.84.17/Results.aspx?RaceID=1&UnitID=1&IsPS=0&Turnout=1&LangID=1
12:38
24.3.2013
Според Франс прес, се очекува голем одзив, а најголемото внимание е насочено кон Струга и Кичево.
Целата информација тука: http://www.makdenes.org/archive/news/20130324/428/428.html?id=24937430&nocache=1
12:34
24.3.2013
Во Кичево се чека по два часа за да се гласа
Во Кичево гласањето се одвива без проблеми, јавува репортерот на РСЕ. Гласањето во сите 106 избирачки места е почнато навреме. Излезноста е голема, а на некои од избирачките места се чека и по 2 часа за граѓаните да си го остварат правото на глас. Некои граѓани се жалат дека нивните имиња ги нема на избирачкиот список. Во Кичево право на глас имаат 48.044 лица. Високи државни функционери се на терен во Кичево (Пешевски, Ставрески, Каргов, Бонева и Милошоски), за одблиску да го набљудуваат гласањето.