На пречекот на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив претседателот Барак Обама изјави дека на посетата гледа како на можност за реафирмирање на, како што изјави, нераскинливата врска меѓу двете земји и зацврстување на американската посветеност за израелската безбедност.
Претходно, заменик советникот за национална безбедност Бенџамин Родс вели дека од посетата на претседателот Барак Обама на Израел не треба да се очекуваат конкретни резултати, меѓу другото и поради тоа што тој не носи нови предлози или поинакви ставови.
„Бевме многу јасни дека оваа посета не е обид за нова иницијатива или за комплетирање на нашата работа на некое посебно прашање. Искрено, вреди да се патува таму токму во моментот кога има нови влади и во Израел и во Соединетите држави и да се разговара за стартегиски прашања.“
Според аналитичарите пак, посетата на Обама, во која е вклучено и неговото обраќање до израелскиот народ, е шанса да се разуверат скептиците кои загубија верба во посветеноста на Обама кон американско израелското пријателство.
„Ова е многу задоцнета посета. Стана болна точка тоа што тој не го посети Израел за време на неговиот прв мандат по што некои се посомневаа во неговите интенции спрема Израел. Ова е начин да се отргнат таквите сомневања“, вели поранешниот помошник советник за националната безбедност на Израел Ариел Левит.
Програмата на посетата на Обама на Израел вклучува и неколку симболично важни дестинации.
Тој ќе ги посети Свитоците на Мртво Море за кои се смета дека се доказ за античката поврзаност на Евреите со Израел, ќе ја посети и Железната купола, што е дел од безбедносниот штит финансиран од Соединетите Држави, а ќе одаде почит во меморијалниот холокауст центар Јад Вашем и ќе положи венец на гробот на Теодор Херцл, таткото на модерниот ционизам.
Барак Обама ќе биде вклучен и во извесна шатл дипломатија кога на 21 март ќе патува на Западниот Брег на работен ручек со палестинскиот претседател Махмуд Абас.
Белата куќа соопшти дека тоа ќе биде зацврстување на американската поддршка за палсетинската власт, како и можност за придвижување на израелско палестинскиот мировен процес.
Вашингтон беше против успешниот палестински обид да добие статус на земја нечленка на Обединетите нации, што е индирикетно признавање на палестинската државност.
Последна дестинација на Обама ќе биде Јордан, каде што ќе разговара со кралот Абдула за војната во Сирија во која досега, според проценките, загинале над 70 илјади луѓе.
„Мислам дека ќе има и обид да се испрати силна порака до сиријскиот претседател Асад оти неговите денови се избројани, дека играта заврши и треба да си замине. Притоа тој ќе сака да ја придобие поддршката од Јордан и од другите соседни земји“, вели Луси Куртцер Еленбоген од американскиот Институт за мир.
Ден пред Обама да замине од Вашингтон и двете страни во сиријскиот конфликт меѓусебно се обвинија за употреба на хемиско оружје.
Обама изјави дека неговата црвена линија за американската инволвираност во конфликтот е ако силите на Асад употребат хемиско оружје. Не е јасно дали тоа ќе важи и за опозицските сили.

Ова е многу задоцнета посета. Стана болна точка тоа што тој не го посети Израел за време на неговиот прв мандат по што некои се посомневаа во неговите интенции спрема Израел. Ова е начин да се отргнат таквите сомневања.Ариел Левит, поранешен помошник советник за национална безбедност на Израел.