Парламентот на Кипар денеска расправа за тоа дали штедачите во банките би требало да се откажат од дел од нивните влогови. На таков начин тие би и помогнале на земјата да го добие заемот од меѓународните кредитори во вредност од 10 милијарди евра и да избегне банкрот. За време на досегашната криза во еврозоната, на штедните влогови на граѓаните се гледаше како на нешто свето кое не треба да биде чепнато од властите.
Но, кипарските лидери и меѓународните кредитори во саботата соопштија дека постигнале договор со кој и штедачите би требало да учествуваат со над 10 насто од нивните заштеди за да може да се добие спасувачкиот пакет од десет милијарди евра за докапитализација на банките.
Ова е за прв пат, 17-те земји на еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд да бараат помошта делумно да се финансира од заштедите на граѓаните кои ваквиот потег го оценија како легализирана кражба.
Претседателот Никос Анастасијадес, пак, изјави дека договорот бил најбезболна опција за избегнување неконтролиран банкрот на Кипар и излез од еврозоната.
„Решението секако не е она што би го посакале, но тоа е најбезболно под овие околности, бидејќи и натаму го остава функционирањето на земјата во наши раце.“
Според планот, банкарските депозити над 100 илјади евра би биле погодени со данок од 9,9 насто, додека помалите сметки се соочуваат со 6,7 процентно оданочување. Се проценува дека на таков начин би се собрале скоро 6 милијарди евра.
Мерката ќе важи и за жителите на Кипар и за оние што не се. Затоа се очекува таа да ги погоди богатите руски и европски државјани кои имаат пари во кипарските банки. Според некои пресметки, Русите на Кипар имаат над 30 милијарди долари. Денеска банките на Кипар се затворени, па се очекува тие да се соочаат со големи повлекувања на парите во вторник.
Во обраќањето, Анастасијадес вети дека ќе има извесно ограничување на данокот за малите банкарски влогови. Тој исто така додаде дека штедачите би биле компензирани со акции во банките и оти со оваа мерка се избегнува намалување на платите.
Тој сегашната криза ја спореди со онаа во 1974 година кога Турција изврши инвазија врз Кипар како одговор на пучот поддржан од Грција. Тоа доведе до поделба на Кипар на грчки и на турски дел.
„Кипар се наоѓа во вонредна состојба. За жал живееме во најлошиот период од 1974 година. Ние сме на прагот на банкрот.“
Жителите на главниот град Никозија кои веќе почнаа да повлекуваат пари од банкоматите изразуваат големо разочарување.
„Се чувствувам како секој друг. Загрижен и бесен поради ситуацијата во која се најдовме. Не знаеме што ќе биде утре.“
„Ова не е фер. Имам заем од 12 илјади евра за поддршка на студирањето на ќерка ми. Ги депонирав тие пари во банка и сега ќе загубам дел од сумата.“
Од Брисел се обидуваат да ја смират ситуацијата, наведувајќи дека ваквата мерка е само за Кипар и оти нема да се применува и за другите земји на кои би им требало меѓународна финансиска помош. Кипар е четврта земја од еврозоната која добива пакет помош за да ги спаси своите банки.
Но, кипарските лидери и меѓународните кредитори во саботата соопштија дека постигнале договор со кој и штедачите би требало да учествуваат со над 10 насто од нивните заштеди за да може да се добие спасувачкиот пакет од десет милијарди евра за докапитализација на банките.
Ова е за прв пат, 17-те земји на еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд да бараат помошта делумно да се финансира од заштедите на граѓаните кои ваквиот потег го оценија како легализирана кражба.
Кипар се наоѓа во вонредна состојба. За жал живееме во најлошиот период од 1974 година. Ние сме на прагот на банкрот.Никос Анастасијадес, претседател на Кипар.
Претседателот Никос Анастасијадес, пак, изјави дека договорот бил најбезболна опција за избегнување неконтролиран банкрот на Кипар и излез од еврозоната.
„Решението секако не е она што би го посакале, но тоа е најбезболно под овие околности, бидејќи и натаму го остава функционирањето на земјата во наши раце.“
Според планот, банкарските депозити над 100 илјади евра би биле погодени со данок од 9,9 насто, додека помалите сметки се соочуваат со 6,7 процентно оданочување. Се проценува дека на таков начин би се собрале скоро 6 милијарди евра.
Се чувствувам како секој друг. Загрижен и бесен поради ситуацијата во која се најдовме. Не знаеме што ќе биде утре.Анкетиран жител на Никозија.