Според најновото глобално истражување на Галуп, имиџот на САД во светот е намален во четвртата година од мандатот на претседателот Барак Обама во однос на првата година која тој стана претседател.
Во 130-те земји, кои се опфатени со истражувањето, во просек, согласувањето со американската политика изнесувало 41% во 2012 година, за разлика од 49% во првата година на Обама како претседател. И покрај ваквото намалување на довербата во САД, сепак е повисоко во однос на последната година од администрацијата на претходниот претседател Џорџ Буш.
Од овие податоци може да се заклучи дека претседателот на САД и државниот секретар нема да имаат толкава подршка во светот за американската агенда, каква што имаа пред 4 години, а ќе наидуваат и на зголемување на критиките.
Имиџот на американското лидерство во 2012-та и натаму бил најсилен во Африка, пред се во суб-сахарска Африка.
САД и натаму имале силна подршка за нивното лидерство во 2012 во 6 земји од Европа - Косово, Албанија, Исланд, Велика Британија, Холандија и Италија, но затоа пак мал пад на подршката има во Франција, Шпанија и Шведска.
Имиџот на САД има тенденција на влошување, а таа продолжува во некои земји кои се погодени од економската криза, како Унгарија, Хрватска, Македонија и Австрија.
Во 2012, Русија, со 13%, ја замени Србија, како европска земја во која има најмало согласување со американската политика.
Согласност со политиката на САД во проценти:
Некои примери:
1. Косово 87%
2. Азербејџан 53%
3. Грузија 51%
4. Ерменија 46%
5. Македонија 44%
6. Таџикистан 44%
7. Молдавија 38%
8. Авганистан 35%
9. Украина 33%
10.Босна и Херцеговина 33%
11. Црна Гора 26%
12. Србија 20%
13. Хрватска 20%
14. Русија 13%
15. Пакистан 12%
16. Иран 12%
Претседателот на САД и државниот секретар нема да имаат толкава подршка во светот за американската агенда, каква што имаа пред 4 години, а ќе наидуваат и на зголемување на критиките.