Како актер, кој пред триесетина години ја имал можноста да толкува една од улогите во претставата, за мене претставуваше огромно задоволство, но и уште поголем предизвик наново да се постави „Бледица“, текстот на Васе Манчев за кој сметам дека без разлика на временското определување е навистина врвно драмско дело.
Вака ќе го започне своето кажување актерот и режисер Кире Ѓоргиев, притоа дополнувајќи дека тој се решил овој текст, кој според него е подзаборавен од театрите, да го донесе на поинаков начин, на наједноставен начин, кој живее во секој момент од суштествувањето на семејството.
„Тоа е врвно мајсторство на една психолошка, гротескна драма. Не само што општеството, туку и надворешните прилики се толку многу навлезени во семејните врски, што сметам дека и индивидуите меѓу себе се донесени на работ на опстанок.“
Снежана Коневска-Руси, пак, цитирајќи го авторот, вели дека „Бледица“ е трагична немоќ да се одбрани индивидуалноста во еден тоталитаристички модел на животот во општеството. Таа дополнува дека за неа „Бледица“ е мајката во оваа претстава низ која се прекршуваат сите искушенија и трагични настани почнувајќи од најмалото дете кое завршува во специјален дом, преку синот кој е одделен од семејството и сè до ќерката која треба, заминувајќи од дома, да се справи со бременоста.
„Тука режисерот постигнува едно трето ниво откривајќи допирни точки со политичката структура, униформистичкиот модел на организација на самото општество и на самото живеење и секогаш навраќајќи се на семејството како најважната клетка на таквото живеење во кое се случува одродувањето на децата од родителите, најмногу од мајката, и размислата дали можевме да бидеме поинакви, дали го одбравме вистинскиот пат, патот на таткото водач, генерал или, пак, оној на скромноста, мирот, љубовта, домољубието и искреноста.“
Покрај Коневска-Руси, која ја потпишува и костимографијата за претставата, во „Бледица“ како гостин настапува и актерот Борче Начев, инаку автор и на видео-клипот за проектот. Покрај нив во ова ново читање на текстот на Манчев играат и Стојан Велков-Трн, ученичките Танкица Стојанова и Благица Јанева и студентот на ФДУ од Струмица - Ѓорѓи Трајков.
Инаку, еден од мотивите на Ѓоргиев(кој, патем, на овој начин го започнува и одбележувањето на триесетгодишнината од своето уметничко творештво во рамките на кое, покрај бројните улоги, како режисер ги поставил „Есенска приказна“ од Јукио Мишима и вилијамсовата „Стаклена менаџерија“, е и да влијае на репертоарната политика на Театарот „Антон Панов“.
„Сметам дека мојата матична куќа многу малку обраќаше внимание на изборот на репертоарот и дека беше потребно да се случи едно вакво драмско дејствие кое ќе го покаже правецот на движење на репертоарната политика во театарот.“
Тоа е врвно мајсторство на една психолошка, гротескна драма. Не само што општеството, туку и надворешните прилики се толку многу навлезени во семејните врски, што сметам дека и индивидуите меѓу себе се донесени на работ на опстанок.Кире Ѓоргиев, актер и режисер.
Вака ќе го започне своето кажување актерот и режисер Кире Ѓоргиев, притоа дополнувајќи дека тој се решил овој текст, кој според него е подзаборавен од театрите, да го донесе на поинаков начин, на наједноставен начин, кој живее во секој момент од суштествувањето на семејството.
„Тоа е врвно мајсторство на една психолошка, гротескна драма. Не само што општеството, туку и надворешните прилики се толку многу навлезени во семејните врски, што сметам дека и индивидуите меѓу себе се донесени на работ на опстанок.“
Тука режисерот постигнува едно трето ниво откривајќи допирни точки со политичката структура, униформистичкиот модел на организација на самото општество и на самото живеење.Снежана Коневска-Руси, актерка.