Достапни линкови

Театар на апсурдот во Порта Македонија


Порта Македонија
Порта Македонија

Утревечер на сцената во Порта Македонија, како проект на Македонскиот народен театар, ќе се случи премиерата на „Брачна игра“ од Едвард Олби. Режисер на пиесата е младата Бојана Краљевска, а настапуваат Сања Русеска и Марко Трајковиќ. Идејата на обете институции е да се промовира овој новосоздаден простор како погоден за најразлични културни содржини и настани.

Во Порта Македонија ќе се случува и театар. За почеток и промовирање на новата сцена е планирана премиерата на oлбиевата „Брачна игра“ што како проект на МНТ го потпишува младата режисерка Бојана Краљевска.
Претставата е сиже на конфликти со комични, всушност траги-комични моменти, на двајца луѓе кои повеќе години се во брак и се сведени на едно апсурдно секојдневие.
Бојана Краљевска, режисерка.

Дејан Пројковски, уметничкиот директор на оваа наша национална институција, вели дека нивната идеја е да создадат еден простор кој ќе им биде наменет на младите автори и каде ќе се одвиваат оној тип на претстави кои што влегуваат во таканаречената камерна форма, или повеќе во тој интимен театар или театар на актерот и неговата игра. Тој дополнува дека на тој начин целиот простор на објектот се претвора во сцена при што глумците и публиката стануваат едно.
Бојана Краљевска, режисерка.
Бојана Краљевска, режисерка.

Сметавме дека сега треба да обрнеме повеќе внимание на новите, на младите автори кои што би требало да ги запознаваме преку нивните први претстави така што ќе се обидуваме да ги следиме нивните проекти каде и да се работат и сè она што ќе биде интересно и треба да се претстави да го промовираме тука. Згора на тоа, ние промовираме и еден сценски простор каде што и многу други независни театарски куќи и продукции без разлика ќе можат да го наоѓаат своето место.
Дејан Пројковски, уметнички директор на МНТ.
„Сметавме дека сега треба да обрнеме повеќе внимание на новите, на младите автори кои што би требало да ги запознаваме преку нивните први претстави така што ќе се обидуваме да ги следиме нивните проекти каде и да се работат и сè она што ќе биде интересно и треба да се претстави да го промовираме тука. Згора на тоа, ние промовираме и еден сценски простор каде што и многу други независни театарски куќи и продукции без разлика ќе можат да го наоѓаат своето место.“

„Брачна игра“ на Едвард Олби, еден од ретките американски претставници на театарот на апсурдот, е камерна претстава која дава приказ на вечните теми врзани за конфликтот меѓу мажот и жената. Драмата ги следи промените што се случуваат во основната институција на секое општество – бракот, донесувајќи ги на сцената брачните пресметки, дилемите и ограничувањата на средното животно доба, периодот во кој секој човек го почнува преиспитувањето на она што го сторил дотогаш и во кој најчесто се јавуваат потребите од некаква промена, а сето тоа се рефлектира на односите во семејството.

„Претставата е сиже на конфликти со комични, всушност траги-комични моменти, на двајца луѓе кои повеќе години се во брак и се сведени на едно апсурдно секојдневие“, вели режисерката Бојана Краљевска.

Таа дополнува дека нивната порака е „луѓето да бидат храбри и да свртат нов лист, а не да живуркаат апсурден и неподнослив живот“.

Актерката Сања Русеска за својата Џилиен вели дека е очајна домаќинка која безусловно го сака својот сопруг и ги прави сите обиди за да го задржи.

„Нивната игра е константно напуштање од почеток до крај и во текот на таа игра доаѓа до една искреност каде што обајцата си кажуваат дека се изневеруваат, си ги кажуваат тајните, но сепак на крајот некако одлучуваат да останат заедно токму поради таа безусловна љубов.“

Џек, пак, виден од младиот Марко Трајковиќ е стереотип за маж од 21 век.

„Џек, мислам дека, многу убаво ги оцртува мажите на ова време во кое што живееме. И, не само на ова време, туку и општо, сите мажи кои што поминале пред нас и сите кои што ќе дојдат потоа.“

Инаку, колку за потсетување „Брачна игра“ пред цела една деценија од Љупчо Тозија беше поставена на сцената на Драмски театар, а Катерина Коцевска и Благоја Чоревски во октомври 2003 година, покрај другите признанија, добија и награда за најдобар актерски пар на фестивалот "Тарас Шевченко" во Украина.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG