Децении ќе ни бидат потребни за до го достигнеме стандардот на ЕУ, со економски раст на БДП од 1,5 проценти, велат експертите. Евро-комесарот задолжен за економска и монетарна политика Оли Рен прогнозираше дека Македонија ќе оствари раст од 1,5 проценти годинава, а во наредната година од 2,5 отсто.
Професор Ванчо Узунов, кој е член на економско-социјалниот совет на СДСМ, вели дека просечниот БДП во Македонија спореден со земјите од ЕУ изнесува под 30 проценти.
„Македонија ако се развива со овие стапки кои ги има во последната година, за да го стигне просекот на ЕУ ќе и бидат потребни неколку генерации, внуците наши, па дури и покасно би стигнале до денешниот просек на ЕУ. “
Поранешниот заменик-министер за економија Зоран Витанов вели дека на Македонија во наредните десет години ќе и биде потребен раст од 8 до 9 проценти за да се приближиме до стандардот на ЕУ.
„Ние сме многу назад, многу сме сиромашни. За ЕУ сосема е доволно стапка на раст од 1,5 проценти, но на Македонија и требаат 8 до 9, 10 проценти, многу години, можеби една деценија за да воопшто успееме малку да се одвоиме од дното.“
И според Узунов, потребни се поголеми стапки на раст, но кои ќе бидат одржливи, реални и кои ќе се движат од 4 до 4,5 проценти.
„Клучот е во зборот структурни реформи. Ние не вршиме прилагодување на нашта економија, променување, во смисла што оваа економија произведува, особено извозни производи и каков вид на квалификации стекнуваат младите генерации коишто им требаат за нивно вработување, тие работи треба да се менуваат.“
Витанов додава дека со економската политика која се води и надворешните фактори Македонија треба да биде среќна ако има нула проценти стапка на раст и потребни се драстични промени.
„Треба промени и во менталитетот, треба промени и во политиката, не сме безбедни како држава, запаѓаме во загрозување на основните, демократските права, судството, приватната сопственост ни е загрозена, слободата на граѓаните е загрозена, немаме амбиен за претприемништво, имаме скап денар, сето тоа влијае негативно и затоа во моментот ние немаме никаква бизнис клима, без инвестиции тоа не можеме никако да го постигнеме. Вака како што сега оди Македонија воопшто не очекувам ние да имаме било каков раст.“
Според експертите, причината зошто владата ги избегнува структурните реформи е поради тоа што тие се тешки за спроведување и затоа што не сака да се жртвува за иднината на својата држава.
Македонија ако се развива со овие стапки кои ги има во последната година, за да го стигне просекот на ЕУ ќе и бидат потребни неколку генерации, внуците наши, па дури и покасно би стигнале до денешниот просек на ЕУ.Ванчо Узунов, универзитетски професор, член на СДСМ.
Професор Ванчо Узунов, кој е член на економско-социјалниот совет на СДСМ, вели дека просечниот БДП во Македонија спореден со земјите од ЕУ изнесува под 30 проценти.
„Македонија ако се развива со овие стапки кои ги има во последната година, за да го стигне просекот на ЕУ ќе и бидат потребни неколку генерации, внуците наши, па дури и покасно би стигнале до денешниот просек на ЕУ. “
Поранешниот заменик-министер за економија Зоран Витанов вели дека на Македонија во наредните десет години ќе и биде потребен раст од 8 до 9 проценти за да се приближиме до стандардот на ЕУ.
Треба промени и во менталитетот, треба промени и во политиката, не сме безбедни како држава, запаѓаме во загрозување на основните, демократските права, судството, приватната сопственост ни е загрозена, слободата на граѓаните е загрозена, немаме амбиен за претприемништво, имаме скап денар, сето тоа влијае негативно.Зоран Витанов, економски аналитичар.