Новинските агенции, повикувајки се на изјави на руските преставници соопштија дека повеќе од 950 луѓе побарале медицинска помош откако метеор експлодира на небото, предизвикувајќи голем ударен бран од кој беа искршени многу прозорци. Аматерски видеа покажуваат како метеорот минал низ долниот слој на атмосферата во источниот руски град Челјабинск. Дел од метеоритите паднале во слабо населена област на Урал.
„Му благодариме на Господ што врз населените места не паднаа поголеми делови од распаднатиот метеор“,
изјави рускиот претседател Владимир Путин.
Министерството за итни случаи испрати илјадници луѓе за да им помогнат на повредените во оддалечените места. Руските медиуми јавија дека најмалку еден метеорит паднал во Чељабинск на 1500 килиометри источно од Москва. При тоа, стотици луѓе биле повредени од парчиња скрешеното стакло кои се распрснале како последица на експлозијата. Владимир Степанов, шеф на рускиот кризен штаб на министерството за итни ситуации изјави:
„Во 7 часот и 45 минути по локално време метеорски дожд падна над Урал кај регионите Курганск, Чељабинск, Екатеринбург и Тиемен.“
Нивото на радијација, според Степанов, е нормално и нема негативни последици врз сообраќајот или нуклеарните централи во тие региони.
Руските власти соопштија дека делумно е уништен кровот на фабриката за цинк кај Чељабинск.
Деловите на матеоритот паднале врз ретко населена област на источните падини на Урал. Трагите од метеоритот пак се гледале на небото над Екатеринбург на 200 километри југоисточно од Чељабинск.
Средба и со астрероид
Инаку астероид со големина на половина фудбалско игралиште ќе и се приближи на Земјата денеска во попладневните часови, што според научниците, е најблиско надлетување на земјата од објект од ваков тип. Од НАСА соопштија дека астероидот ќе се приближи на 27 илјади километри од земјата и ќе се движи со брзина од 13 километри во секунда. Сепак, тие додаваат и дека неговото надлетување нема да има никакви последици. Астероидот ќе биде најблиску до Земјата во 20:24 часот по средноевропско време поминувајќи над Индискиот Океан, а најдобро ќе се гледа од Источна Европа, Австралија и Азија.

Во 7 часот и 45 минути по локално време метеорски дожд падна над Урал кај регионите Курганск,Челабинск, Екатеринбург и Тиемен.Владимир Степанов, шеф на рускиот кризен штаб.