Достапни линкови

„Скици 2012“ - Заложба за поддршка на цртежот


Дело на Дејан Арсовски, дел од ликовната изложба на цртежи од биеналниот проект “Скици 2012“ на академски сликари од Куманово.
Дело на Дејан Арсовски, дел од ликовната изложба на цртежи од биеналниот проект “Скици 2012“ на академски сликари од Куманово.

Од 14 февруари, во Изложбениот салон „КОРА“ на Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје, ќе се одржи двонеделната биенална постановка на цртежи „Скици 2012“. На изложбата ќе бидат претставени дваесетина дела на уметниците од кумановската ликовна сцена, а координатор на проектот е Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

По успешните претставувања во Куманово, Струмица, Демир Капија и Кавадарци, „Скици 2012“ пристигна и во Скопје. Проектот што од четврток, па во наредните две недели, ќе може да се проследи во Изложбениот салон „КОРА“ при Домот на култура „Кочо Рацин“ и чија заложба е наново да се афирмира цртежот како еден од сегментите на кумановската ликовна сцена, го чинат дела на академските сликари Момчило Аврамовски, Борис Кукуњавски, Трајко Тошевски, Марија Величковска, Дејан и Зоран Арсовски – Бабата, Далибор Крстевски и Милена Христовска.
Со оваа изложба ќе направиме напори да го актуелизираме цртежот, барем за овој краток период додека го промовираме во повеќе галериски центри во Република Македонија. Инаку, цртежот како специфично изразно средство на самите уметници, станува се поактуелно, се позначајно, пред се поради тоа што уметникот има огромна слобода на изразување иако цртежот се смета за уметност во која носечка изразна форма е самата линија.
Роберт Цветковски, куратор на изложбата.

Овие осум автори се пријавиле на отворениот конкурс на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ и понудиле дваесетина цртежи работени во повеќе техники во перидот од последниве неколку години. Изборот на темите и техниките бил оставен на творците, а ликовно-стилските изрази на понудениот материјал се движи од стилизирана фигурација, минималистичко и надреално-биоморфно конципирање до апстрактна цртачка еспресија, со препознатлива ликовна поетика карактеристична за автори со изграден ликовен ракопис, препознатлив и потврден во досегашната комуникација со пошироката ликовна публика и критика.
Дело на Милена Христова, дел од ликовната изложба на цртежи од биеналниот проект “Скици 2012“ на академски сликари од Куманово.
Дело на Милена Христова, дел од ликовната изложба на цртежи од биеналниот проект “Скици 2012“ на академски сликари од Куманово.

„Со оваа изложба ќе направиме напори да го актуелизираме цртежот, барем за овој краток период додека го промовираме во повеќе галериски центри во Република Македонија. Инаку, цртежот како специфично изразно
Преку контролата на линијата најдобро успевам да го кажам тоа што го мислам и што го чувствувам. Претежно се занимавам и со изработка на портрети, па затоа имам комбинација на портрет со делумна апстрактна форма во вид на орнаменти.
Милена Христова, уметник.

средство на самите уметници, станува се поактуелно, се позначајно, пред се поради тоа што уметникот има огромна слобода на изразување иако цртежот се смета за уметност во која носечка изразна форма е самата линија. Во помодерниот пристап на самите ликовни уметници гледаме дека тие во своите идеи доста внесуваат и боја и се обидуваат со комбинирани техники да го направат цртежот посовремен и пософистициран од една страна, а од друга страна страна да го направат како комплетно, самостојно ликовно дело кое може да ги изрази нивните концепти и видувања“, истакнува кураторот на изложбата Роберт Цветковски.
Дело на Марија Величковска, дел од ликовната изложба на цртежи од биеналниот проект “Скици 2012“ на академски сликари од Куманово.
Дело на Марија Величковска, дел од ликовната изложба на цртежи од биеналниот проект “Скици 2012“ на академски сликари од Куманово.

Тој дополнува дека со оваа биенална постановка се промовира и кумановската ликовна сцена, а говорејќи за „Скици 2012“ младата уметница Милена Христовска истакнува дека оваа постановка ним им дала можност да го претстават она што тие го работат во доменот на цртежот посебно кога нему и не му се обрнува големо внимание на македонската ликовна сцена. Таа дополнува дека нејзините две дела - „Десерк“ и „НЛО 2“ биле специјално создадени за овој конкурс и дека едноставно понудила нешто со кое најдобро се изразува себе си.

„Преку контролата на линијата најдобро успевам да го кажам тоа што го мислам и што го чувствувам. Претежно се занимавам и со изработка на портрети, па затоа имам комбинација на портрет со делумна апстрактна форма во вид на орнаменти.“

Инаку, цртежот е прадисциплина од која подоцна ќе се развијат сите знаковни, цртачки, сликарски и графички дисциплини. Тој е претходница на писмото и се смета за првите обиди на човекот за запишување на неговите импресии од непосредната околина, личните перцепции и идеи коишто постојат и кои допрва треба да се реализираат.

Требаше да помине долг временски период за да се разбере вредноста на цртежот и истиот да биде вреднуван рамноправно со другите ликовни дисциплини. Од крајот на 15-тиот и почетокот на 16-тиот век цртежот се смета за самостојна и финална форма на ликовно изразување и оттогаш станува предмет на интересирање на колекционерите и музеите. Непосредноста и директноста во изразувањето, специфичноста и оригиналноста, интимноста и искреноста го прават цртежот моќно средство за материјализација на креативната духовна енергија на еден визуелен творец.

Оттука и сè посериозниот пристап кон цртежот во изминатите неколку децении, којшто повеќе не се третира како некоја споредна дисциплина што не е вредна за некоја посериозна презентација, туку напротив, на истиот се гледа како сегмент докажан на многу светски изложби со заокружен авторски концепт којшто ги има сите естетски елементи за вреднување. Некои современи критичари дури го сметаат цртежот за највреден елемент во создавањето на едно уметничко дело бидејќи е првата сликовна(визуелна) материјализација на идејата на уметникот од која подоцна се копира конечната финална верзија на делото.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG