Јавното извинување на главниот и одговорен уредник на Утрински весник до претседателот на Собранието Трајко Вељановски, повлекувањето на анкетата на Вест поради притисоци и последната анкета на Вечер насловена како „Има ли хомосексуалци меѓу новинарите“ се само дел од примерите кои го покажуваат нивото на македонското новинарство.
Социолошко-општествените противречности како и економската криза неминовно се одразуваат врз новинарството, врз изборот на темите, статусот, реакциите. А кога тоа ќе се сведе во една мала и недоволно демократски развиена држава како нашата, ќе добиете слика на општеството на страниците и на екраните, вели новинарот Александар Чомовски.
„Јас имам идеја, ако сме толку моќни, ако сме толку плурални и демократски, ајде да го завземеме македонскиот Парламент и избраниците на народот да го чујат нашиот став, како и на каков начин би требало да бидат донесени законските решенија што би гарантирале слобода на мислење и слобода на став.“
Она што ни се случува покажува дека треба да се вратиме назад и од почеток да ги читаме лекциите за тоа што значи новинарство, слобода на говор и демократија, велат претставниците на новинарската фела.
„Оваа лекција и овие работи треба најдобро да ги знаат тие што имаат власт, бидејќи ако тоа не го научат, тогаш не сме ги научиле принципите на системот во кој ние претендираме дека живееме“, изјави Назим Рашиди, уредник на емисија во телевизијата Алсат.
Голем дел од новинарските пера и имиња станаа политички фактори, злоупотребувајќи ги медиумите за свои мемоаристички фељтони и сталинистички коментари, додава Чомовски.
„Час поскоро ни е неопходен дијалог меѓусебе и со себе, не да мислиме сите исто, туку да останеме на рамништето на различни мислења во рамките на професијата. Се доведовме во ситуација новинарствтоо да го претвориме во една малограѓанска провинциска професија во која нема ни етички, ни естетски вредности.“
Она што е позагрижувачко е недоволната осуда на примерите кои се сами по себе драматични за македонското новинарство. Мора да сфатиме колку таквата дискусија е важна за демократијата во земјава, посочува Рашиди.
„Примери секогаш имало и ќе има, има и во најразвиените држави, но последиците и како се реагира понатаму се показател колку оваа професија се сфаќа како битна.“
Ако живееме во парламентарна демократија каде се цени слободата на изразување, тогаш политичкото раководство мора тоа да го разбере и да овозможи спроведување на таа вредност. А, токму новинарите треба да ги убедат сите општествени чинители дека новинарската професија е важна не само за нив, туку за сите граѓани во земјава, заклучуваат нашите соговорници.
Во врска со последната анкета на Вечер, реагираше и Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Република Македонија и ЛГБТ Центарот за поддршка. Тие најостро го осудија денешното издание на весникот со кое како што посочуваат „се срушија сите принципи на едно одговорно новинарство во една демократска држава“.
Час поскоро ни е неопходен дијалог меѓусебе и со себе, не да мислиме сите исто, туку да останеме на рамништето на различни мислења во рамките на професијата. Се доведовме во ситуација новинарствтоо да го претвориме во една малограѓанска провинциска професија во која нема ни етички, ни естетски редности.Александар Чомовски, новинар.
Социолошко-општествените противречности како и економската криза неминовно се одразуваат врз новинарството, врз изборот на темите, статусот, реакциите. А кога тоа ќе се сведе во една мала и недоволно демократски развиена држава како нашата, ќе добиете слика на општеството на страниците и на екраните, вели новинарот Александар Чомовски.
„Јас имам идеја, ако сме толку моќни, ако сме толку плурални и демократски, ајде да го завземеме македонскиот Парламент и избраниците на народот да го чујат нашиот став, како и на каков начин би требало да бидат донесени законските решенија што би гарантирале слобода на мислење и слобода на став.“
Оваа лекција и овие работи треба најдобро да ги знаат тие што имаат власт, бидејќи ако тоа не го научат, тогаш не сме ги научиле принципите на системот во кој ние претендираме дека живееме.Назим Рашиди, уредник на емисија во телевизијата Алсат.