Достапни линкови

Спорен легитимитетот на Комисијата за лустрација


Томе Аџиев, претседател на Комисија за верификација на факти.
Томе Аџиев, претседател на Комисија за верификација на факти.

Комисијата за лустрација може да работи и со 9 члена, но по оставките на членовите предложени од СДСМ, дел од експертите го спорат легитимитетот на одлуките.

Комисијата за верификација на фактите нема легитимитет да ја врши својата работа, иако може да функционира само со девет членови, коментираат експертите. Двајцата нејзини членови предложени од СДСМ, Јанаќе Витановски и Благоја Гешовски и официјално во Собранието ги врачија оставките од функцијата. Во комисијата остана само еден член предложен од опозицијата, односно од ЛДП, Чедомир Дамјановски.
Додека не се комплетира комисијата како што налага и законот и го уредува тоа прашање, натамошната работа на комисијата е под знак прашање затоа што се доведува во прашање легитимноста на нејзината работа и на Комисијата во целина.
Осман Кадриу, универзитетски професор.

Професор Осман Кадриу вели дека комисијата формално може да работи, но имајќи го предвид Законот за верификација на фактите и начинот на кој се избираат членовите во неа мора да има членови и од опозицијата.

„Додека не се комплетира комисијата како што налага и законот и го уредува тоа прашање, натамошната работа на комисијата е под знак прашање затоа што се доведува во прашање легитимноста на нејзината работа и на Комисијата во целина.“

И предлагачот на Законот за лустрација Стојан Андов вели дека комисијата го загубила легитимитетот, бидејќи на нејзиниот претседател Томе Аџиев одамна му е одминат мандатот, а со оставката на Витановски и Гешовски само се влошила состојбата во која се наоѓа.
Со овие работи лустрацијата е уништена како замисла која требаше да постигне конкретни цели, тоа е оневозможено, ова е потполно нешто друго, ова не е лустрација, ова пресметки се прават.
Стојан Андов, предлагач на Законот за лустрација

„На оние кои сега се на власт воопшто не им е важно дали Комисијата или легитимитет или нема. Законот нема легитимитет бидејќи не е во согласност со Уставот, а тие си го спроведуваат како што сакаат, еве со претседател кој е нелегално таму, нема легитимитет да претседава со таа комисија одамна. Но не верувам дека има нешто што ќе ги запре, тие и така ќе си тераат работа.“

Кадриу вели дека и кога била во полн состав работата на комисијата е подложена на критика, бидејќи применува одредби кои Уставниот суд ги укинал и постапките кои ги водела досега биле селективни.

„Таа работа на Комисијата не е во склад со Уставот и со законот и со општите определби што ги има законот за верификација на фактите.“

Според Андов, целта која требало да ја постигне лустрацијата воопшто не е постигната.

„Со овие работи лустрацијата е уништена како замисла која требаше да постигне конкретни цели, тоа е оневозможено, ова е потполно нешто друго, ова не е лустрација, ова пресметки се прават.“

СДСМ претходно побара комплетно распуштање на комисијата, а ВМРО ДПМНЕ најави кривични пријави за оние кои поднесоа оставки.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG