Достапни линкови

Пирамидата на цензурата


Новица Наков, блогер, истакнат член на македонската заедница за слободен софтвер.
Новица Наков, блогер, истакнат член на македонската заедница за слободен софтвер.

Во последните 15-тина дена во Р. Македонија можеа да се видат сите слоеви на пирамидата. Исфрлувањето на новинарите од Собранието на Р. Македонија на денот на гласањето на буџетот е она што најлесно може да се сврсти во врвот на пирамидата. Колку што е тоа погубно за слободата на печатот и јавното информирање, толку е и видливо и препознатливо, пишува за РСЕ Новица Наков, блогер.

Во најновата книга на Џулијан Асанж, Cypherpunks: Freedom and the Future of the Internet, четворицата автори дискутираат за тоа како Интернет е погодна технологија и за напредување на слободата, но и за напредување на надзорот и цензурата. Во своето објаснување за тоа како цензурата функционира „на Западот“ [каде, ако ништо друго, и Р. Македонија посакува да вбројува], Асанж нуди компарација со пирамида чиј врв се гледа над песокот.

Врвот е јавен. Тоа се тужбите за клевета, убиствата на новинарите, запленувањето на камерите. Но, најголем дел од цензурата е скриен. Под врвот први се луѓето што се само-цензурираат

Врвот е јавен. Тоа се тужбите за клевета, убиствата на новинарите, запленувањето на камерите. Но, најголем дел од цензурата е скриен. Под врвот први се луѓето што се само-цензурираат. Потоа се економскиот и други форми на поттик што им се даваат на луѓето да пишуваат за една или друга работа. Потоа се економските фактори – т.е. она за што економично да се пишува кога нема да се земе предвид поттикот од горното ниво. Следат предрасудите на читателите кои имаат определно ниво на образование и кои од една страна можат лесно да бидат манипулани со лажни информации, а на кои од друга не може да им се каже нешто што е софистицирана вистина. И најдолу е дистрибуцијата – т.е. достапот на содржинина определен јазик (стр. 133).

Во последните 15-тина дена во Р. Македонија можеа да се видат сите слоеви на пирамидата. Исфрлувањето на новинарите од Собранието на Р. Македонија на денот на гласањето на буџетот е она што најлесно може да се сврсти во врвот на пирамидата. Колку што е тоа погубно за слободата на печатот и јавното информирање, толку е и видливо и препознатливо.

Но, новогодишните празници нѐ пречекаа и со вест дека воочливо популарната политичка емисија на ТВ Алфа Win-Win нема повеќе да се емитува. Новинарката која е автор на емисијата објави на Facebook дека тоа е направено на барање на телевизијата. Реакциите во [интернет] јавноста беа од разочарување за губитокот на омилената ТВ забава преку објаснување дека сѐ е бизнис до поставување на прашања за цензура.

Првиот дел го става укинувањето на емисијата некаде во четвртиот слој на пирамидата. На ниво на телевизија, како што пишуваат повеќе медиуми, се случуваат повеќе промени [и други новинари и емисии си одат] и така телевизијата се прилагодува на своето ново опкружување.

Мислам дека е корисно да го погледаме укинувањето наемисијата Win-Win [и генерално на промените во Алфа ТВ] преку пирамидата на Асанж. Еве што се вели во изјавата на новинарката Трајковска:

1. „Ве информирам дека емисијата Win-Win е прекината и повеќе нема да се емитува на Алфа телевизија!“ и „Емисијата е укината на барање на телевизијата.“

Првиот дел го става укинувањето на емисијата некаде во четвртиот слој на пирамидата Нејзиното понатамошно емитување не е економично. На ниво на телевизија, како што пишуваат повеќе медиуми, се случуваат повеќе промени [и други новинари и емисии си одат] и така телевизијата се прилагодува на своето ново опкружување. Оние емисии што ќе останат веројатно ќе се поместат во третиот слој на пирамидата. „Новинарите ретко добиваат наредби“, вели Асанж “Тие ги разбираат интересите на луѓето со кои сакаат да бидат блиски или на кои сакаат да им удоволат.“


2. „Доколку циклусот емисии продолжи да се емитува на друга телевизиска фрекфенција, пред завршувањето на оваа сезона, ќе бидете навремено информирани.“

Новинарката на Win-Win веќе е во вториот слој на пирамидата. Нема да ја гледаме таа емисија се додека не се најде друга телевизија да ја емитува. Таа, ако сака, веројатно ќе може да се префрли во третиот слој на „удоволување“ и така во македонскиот ТВ пејсаж можеби пак би се нашло место за ваква емисија. Но, вистинскиот тест ќе биде дали новинарката ќе се одлучи да продолжи да објавува и евентуално да се помести во последноит слој – т.е. да влезе во цензура на дистрибуција и да ја гледаме само на интернет [исклучувајќи го мнозинството навикнато на ТВ уред]. Дури потоа, ако ваквото емитување и ширење на пораките стане успешно, ризикот од цензура ќе биде од класичниот и препознатлив вид т.е. онаа што се гледа над песокот. Во двата случаја тоа ќе биде корисно за јавноста бидејќи на крајот ќе служи како тест демократските потенцијали на земјата. Значи - win-win.

XS
SM
MD
LG