Владејачкото мнозинство во Советот на Град Скопје не сакаше да расправа за последните вработувања во јавните претпријатија во Скопје. Со 12 гласови за и 23 гласови против, Советот утврди дека не постојат оправдани причини за свикување вонредна седница, на која опозицијата предложи да се расправа за „последните масовни вработувања во јавните претпријатија на ниво на Град Скопје“.
Минатата недела, пак, владејачкото мнозинство прифати вонредна седница, но опозицијата не сакаше да дебатира, зашто градоначалникот Коце Трајановски не дојде на закажаната седница.
Советниците од опозицијата обвинуваат дека власта бега од расправа за, како што велат, партиските вработувања, затоа што не може да ја објасни потребата од нови вработувања во и онака обемната администрација. Советникот Слободан Близнаковски од опозициската ВМРО-НП вели дека се вработуваат 500-600 луѓе, со просечна бруто плата од 500 евра. Тоа значи дека месечно за плати ќе се трошат дополнителни 250 илјади евра, односно три милиони евра годишно, вели тој.
„Тие три милиони евра нема господинот Коце Трајановски да ги извади од сопствениот џеб, туку тоа ќе биде повторно изнудување пари од господинот градоначалник од граѓаните на град Скопје.
Близнаковски вели дека нема простор за нови вработувања во градските јавни претпријатија.
„Сите овие вработувања просто ќе бидат како рамковните вработувања, луѓето да земаат плата, а да седат дома затоа што за нивните нови работни места нема канцеларии и нема столици.“
Советникот Драги Давчевски од опозицискиот СДСМ, пак, се прашува зошто мнозинството минатата недела прифати да расправа за новите вработувања, а само четири дена подоцна гласа поинаку.
„Денеска најверојатно на мнозинството им биле трлани ушите од некого, па го сменија својот став и веќе не се заинтересирани да слушнат околу ова прашање за масовните вработувања во јавните претпријатија и во собранието на град Скопје“, вели Давчевски.
Од друга страна, советничката Дафинка Саздова од ВМРО-ДПМНЕ вели дека опозицијата ја манипулира јавноста.
„Истите оние коишто го поднесуваат ова барање за таква информација да го поднесат до надлежните институции и до обвинителството за да, ако се докаже дека навистина има неправилности и кршење на законот, да истите тие си поведат и постапка по однос на овие прашања“, вели Саздова.
Пред околу еден месец, телевизија Алфа објави списоци за партиски вработувања во јавните претпријатија во град Скопје, а луѓето од списоците потврдија дека се вработуваат преку партија. Директорите на јавните претпријатија тврдат дека не знаат ништо за списоците и оти не се примаат нови луѓе, туку на вработените со хонорарен статус им се даваат решенија за вработување.
Сите овие вработувања просто ќе бидат како рамковните вработувања, луѓето да земаат плата, а да седат дома.Слободан Близнаковски, ВМРО-НП.
Минатата недела, пак, владејачкото мнозинство прифати вонредна седница, но опозицијата не сакаше да дебатира, зашто градоначалникот Коце Трајановски не дојде на закажаната седница.
Советниците од опозицијата обвинуваат дека власта бега од расправа за, како што велат, партиските вработувања, затоа што не може да ја објасни потребата од нови вработувања во и онака обемната администрација. Советникот Слободан Близнаковски од опозициската ВМРО-НП вели дека се вработуваат 500-600 луѓе, со просечна бруто плата од 500 евра. Тоа значи дека месечно за плати ќе се трошат дополнителни 250 илјади евра, односно три милиони евра годишно, вели тој.
Денеска најверојатно на мнозинството им биле трлани ушите од некого, па го сменија својот став.Драги Давчевски, СДСМ.
„Тие три милиони евра нема господинот Коце Трајановски да ги извади од сопствениот џеб, туку тоа ќе биде повторно изнудување пари од господинот градоначалник од граѓаните на град Скопје.
Близнаковски вели дека нема простор за нови вработувања во градските јавни претпријатија.
„Сите овие вработувања просто ќе бидат како рамковните вработувања, луѓето да земаат плата, а да седат дома затоа што за нивните нови работни места нема канцеларии и нема столици.“
Истите оние коишто го поднесуваат ова барање за таква информација да го поднесат до надлежните институции и до обвинителството.Дафинка Саздова, ВМРО-ДПМНЕ.