Самитот на ЕУ вечерва заврши без договор за новиот 7 годишен буџет на Унијата. Според дипломатите, нов самит се очекува на почетокот на следната година. Лидерите на 27 земји од која секоја има право на вето имено во изминативе два дена не успеаја да се договорат за буџетот вреден билион евра евра.
И пред денешниот ден германскиот канцелар Ангела Меркел изрази сомневање дека договор за буџетот воопшто ќе биде постигнат на овој самит. Според неа, најверојатно ќе бидат потребни натамошни преговори, кои, како што изјави, би можело да се протегнат и во идната година.
Поради слабиот економски раст на Унијата, како и рецесијата во некои нејзини земји членки, Британија, Германија и другите позначајни контрибутори во европскит буџет бараат ограничување на трошоците.
Во меѓувреме, Франција побара продолжување на субвенциите за земјоделството и за развојните програми во посиромашните земји на Унијата. Некои од нив, како Полска, сакаат во идниот буџет да се задржат, па дури да и да се зголемат, сегашните нивоа на трошење.
Ваквата бенефиција од фондовите на Европската унија за развој на инфраструктурата е позната и како „кохезионо трошење“.Токму ова трошење и земјоделството се најголемите ставки во нацрт буџетот, со над две третини од трошоците.
На самитот се интензивира дебатата меѓу земјите кои заговараат стратегија на остри мерки на штедење за да се создадат услови за излез од економското стагнирање и оние што ја поддржуваат политиката на поголемо трошење.
Тензиите пораснаа по сугестиите на британскиот премиер Дејвид Камерон дека неговата земја би можела да стави вето на секое зголемување на трошоците. Британија сака замрзнување на трошоците на ниво од минатата година.
Да споменеме дека секоја од 27 земји членки на Европската унија има право на вето за буџетот. Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј предложи кратење на предложениот буџет за 80 милијарди евра во обид да обезбеди согласност меѓу двете струи.
„Верувам дека позициите се уште се многу оддалечени. Сега има нов предлог кој го разгледуваат нашите експерти. Можеби тоа би било извесен чекор за приближување, но, се сомневам дека можеме да постигнаме некаков резултат. Веќе реков дека ќе биде неопходна уште една фаза“, изјави германскиот канцелар Ангела Меркел по првичните разговори во Брисел.
Францускиот претседател Франсоа Оланд наведе дека не бил задоволен од новите предлози, бидејќи со нив се предвидува и кратење на земјоделските субвенции што Франција не семее да си го дозволи.
„Влегуваме во најтешкиот дел од преговорите, бидејќи врз база на предлогот на Ван Ромпуј, земјите ќе имаат сопствени барања и конкретни предлози. Верувам во компромис, бидејќи тоа е од интерес и за Европа и за Франција.“
Британија, Холандија, Шведска и Германија се меѓу земјите кои повеќе даваат отколку што добиваат од буџетот на Европската унија.
Според нив, острите мерки за штедење се најдобрата стратегија за да се се излезе од економската криза.
Европската комисија и дел од европските влади ја поддржуваат стратегијата на трошење, оценувајќи дека тоа ќе поттикне прекугранични инцијативи кои ќе креираат економски пораст и нови работни места.

Верувам дека позициите се уште се многу оддалечени. Сега има нов предлог кој го разгледуваат нашите експерти. Можеби тоа би било извесен чекор за приближување, но, се сомневам дека можеме да постигнаме некаков резултат. Веќе реков дека ќе биде неопходна уште една фаза.германскиот канцелар Ангела Меркел
Поради слабиот економски раст на Унијата, како и рецесијата во некои нејзини земји членки, Британија, Германија и другите позначајни контрибутори во европскит буџет бараат ограничување на трошоците.
Во меѓувреме, Франција побара продолжување на субвенциите за земјоделството и за развојните програми во посиромашните земји на Унијата. Некои од нив, како Полска, сакаат во идниот буџет да се задржат, па дури да и да се зголемат, сегашните нивоа на трошење.
Ваквата бенефиција од фондовите на Европската унија за развој на инфраструктурата е позната и како „кохезионо трошење“.Токму ова трошење и земјоделството се најголемите ставки во нацрт буџетот, со над две третини од трошоците.
На самитот се интензивира дебатата меѓу земјите кои заговараат стратегија на остри мерки на штедење за да се создадат услови за излез од економското стагнирање и оние што ја поддржуваат политиката на поголемо трошење.
Тензиите пораснаа по сугестиите на британскиот премиер Дејвид Камерон дека неговата земја би можела да стави вето на секое зголемување на трошоците. Британија сака замрзнување на трошоците на ниво од минатата година.
Да споменеме дека секоја од 27 земји членки на Европската унија има право на вето за буџетот. Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј предложи кратење на предложениот буџет за 80 милијарди евра во обид да обезбеди согласност меѓу двете струи.
„Верувам дека позициите се уште се многу оддалечени. Сега има нов предлог кој го разгледуваат нашите експерти. Можеби тоа би било извесен чекор за приближување, но, се сомневам дека можеме да постигнаме некаков резултат. Веќе реков дека ќе биде неопходна уште една фаза“, изјави германскиот канцелар Ангела Меркел по првичните разговори во Брисел.
Влегуваме во најтешкиот дел од преговорите, бидејќи врз база на предлогот на Ван Ромпуј, земјите ќе имаат сопствени барања и конкретни предлози. Верувам во компромис, бидејќи тоа е од интерес и за Европа и за Франција,претседателот на Франција Франсоа Оланд