Достапни линкови

Ирански напад врз американско летало


„Сухои 25“
„Сухои 25“

Соединетите Држави обелоденија дека ирански авиони стрелале, но и не успеале да погодат американско беспилотно посматрачко летало кое се наоѓало во меѓународен воздушен простор над Персискиот Залив. Пентагон не коментира дали станува збор за воен чин од страна на Иран.

Американското министерство за одбрана прецизира дека инцидентот се случил на 1 ноември, односно една недела пред претседателските избори. Тој бил обелоденет откако во некои медиуми почнале да се појавуваат вести за настанот.

Се верува дека за прв пат едно американско беспилотно летало било цел на напад додека се наоѓало во меѓународен воздушен простор.
Портпаролот на Пентагон Џорџ Литл
Портпаролот на Пентагон Џорџ Литл

Портпаролот на Пентагон Џорџ Литл прецизира дека два авиона од руско производство „Сухои 25“ познати под името „Фрогфут“ го пресретнале американското летало „Предатор“ и неколку пати стрелале врз него. Леталото не било погодено и неоштетено било вратено во базата за која не е соопштено каде се наоѓа.
Соединетите Држави им соопштија на Иранците дека ќе продолжат со ваквите посматрачки летови над меѓународните води во Персискиот Залив кои имаат за цел подобрување на безбедноста во регионот. Имаме широк спектар опции, од дипломатски до воени, за заштита на нашите воени средства и нашите сили во регионот и ќе го сториме тоа доколку биде потребно.
Џорџ Литл, портпарол на Пентагон.

Литл додаде дека леталото кое може да се контролира и на оддалеченост од неколку илјади километри било во рутински надѕор и оти не го нарушило иранскиот воздушен простор.

„Инцидентот се случи над меѓународните води на околу 16 наутички милји од иранскиот брег. Леталото не беше погодено и безбедно се врати во базата.“

Литл одби да коментира дали инцидентот се смета за воен чин од страна на Иран. Сепак, тој додаде дека постои работна претпоставка оти иранските ловци не стрелале во знак на предупредување, туку имале за цел да го погодат беспилотното летало.

„Соединетите Држави им соопштија на Иранците дека ќе продолжат со ваквите посматрачки летови над меѓународните води во Персискиот Залив кои имаат за цел подобрување на безбедноста во регионот. Имаме широк спектар опции, од дипломатски до воени, за заштита на нашите воени средства и нашите сили во регионот и ќе го сториме тоа доколку биде потребно.“

Со оглед на тензиите околу иранската нуклеарна програма, Соединетите Држави минатата година го зголемија военото присуство во Заливот, разместувајќи два носачи на авиони и борбени единици за заштита на Ормутскиот Теснец, пловен пат на јужниот ирански брег кој се користи за транспорт на околу една третина од светскиот извоз на нафта.

До последниот инцидент дојде на помалку од една година откако едно американско беспилотно летало било приземјено во источниот дел на Иран, но и на истиот ден кога Соединетите Држави воведоа нови санкции против Техеран.

Западните сојузници спроведуваат серија санкции против властите во Техеран поради контроверзната нуклеарна програма, непочитувањето на човековите права во земјата и иранската поддршка на тероризмот во светот.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG