Достапни линкови

Собранието работи, но не функционира


Законот за бранители, измените во изборната легислатива, само ја подгреваат и така жешката атмосфера во собранието и ja зголeмуваат конфронтацијата на релација власт - опозиција.

И онака вжештената атмосфера во парламентот денеска ја загреа пратеникот од опозициската ДПА Зијадин Села. Тој на комисиската расправа околу законот за бранителите вети дека неговата партија ќе покаже како се блокира закон наспроти настапот на владејачката ДУИ во врска со ова прашање.
Ќе видите како се блокира законот, ќе видите. Кога ќе стигнеме до овие говорници и овие микрофони и овој Парламент ќе го запалиме, сакате така?
Зијадин Села, ДПА.


„Ќе видите како се блокира законот, ќе видите. Кога ќе стигнеме до овие говорници и овие микрофони и овој Парламент ќе го запалиме, сакате така? “

Не помалку жешка е и конфронтацијата на релација власт - опозиција околу предлозите за измени во изборната легислатива. Опозицијата за владините предлози дека се шминкерски, а мнозинството за опозиционите дека не се во согласност со препоракитена ОБСЕ, особено поради барањето на СДСМ да им се забрани настап на јавните функционери за време на изборната кампања.
Ние на некој начин полагаме испит дали навистина сме демократска држава, дали ги исполнуваме условите кои се поврзани со политичкиот дијалог и треба да бидат резултат на политичкиот дијалог за нашето зачленување - и во структурите на НАТО и во структурите на ЕУ.
Осман Кадриу, универзитетски професор.

Ова е сигнал дека власта и опозицијата треба да ги направат неопходните чекори за подобрување на меѓусебниот дијалог со оглед на тоа дека измените се обврска и одговорност, а законското спроведување на изборите уште еден тест за демократијата во земјавава, вели професорот Осман Кадриу.

„Ние на некој начин полагаме испит дали навистина сме демократска држава, дали ги исполнуваме условите кои се поврзани со политичкиот дијалог и треба да бидат резултат на политичкиот дијалог за нашето зачленување - и во структурите на НАТО и во структурите на ЕУ“, вели Кадриу.

Ако сегашните несогласувања резултираат со неодржување на изборите тоа би ја довело државата во севкупна криза за која ќе бидат одговорни партиите во парламентот, додава Кадриу кој очекува и дека меѓунадорната заедница ќе врши и понатамошни притисоци за да се хармонизира изборното законодавство со нејзините препораки. Ова оттаму што овие проблеми повлекуваат лоши оценки и за политичкиот дијалог, но и за работата на парламентот.

„Ако не се прифатат насоките, размислувањата, предлозите на меѓународната заедница треба да очекуваме дека во наредниот извештај за прогресот на нашата држава ќе имаме повторно негативна оценка и за оваа област“, додава Кадриу.

Од мисијата на ОБСЕ во Скопје велат дека и натаму како и до сега ќе го следат процесот на имплементирањето на препораките на ОДИХР по изборите во 2011 и како што се вели во изјавата се подготвени да пружат поддршка.

Одделувањето на државата од политичките партии, обезбедувањето правна заштита од незаконско финансирање на изборната кампања, транспарентност во работењето на ДИК, се дел од измените кои ги предложи Министерството за правда.

СДСМ не се согласува дека со тоа се докрај спроведени препораките од ОБСЕ и се сомнева дека со тоа власта подготвува терен за избори кои нема да бидат фер и демократски спроведени.
XS
SM
MD
LG