Покрај куќи и згради, во битолската стара касарна ќе се градат и хациенди, соопштија од општина Битола. Дури 12 парцели од по 1000 метри квадратни се продадени за куќи со изглед на вили и пространи околни дворови. Парцелите за хациенди беа продадени деновиве заедно со 35 локации за куќи и една за колективно домување. На јавното наддавање иако почената цена беше едно евро достигна до 3.300 денари.
Битолскиот градоначалник Владимир Талески вели дека не знаат кои се купувачите на парцелите кои ќе градат хациенди.
„Посебен режим тоа се вили, кои ќе бидат поинакви од куќите и со посебен пристап. Ние одиме со електронско наддавање и практично не знаеме кои се тие што се наддаваат. Тие регуларно се пријавуваат, се закажува терминот за наддавање и тоа оди по електронски пат, преку компјутер. Јас во моментот не ги знам кои се тие. Веројатно ќе ги разбериме кои се кога ќе достават барање за градба“, вели Талески.
Хациендите и вилите ќе се градат на атрактивни локации на самиот врв на Тумбе кафе наречен Златен рид. Овие локации се со прекрасен поглед кон градот и на едно од најсончевите места во Битола. Градбите предвидено е да бидат со обезбедување и приватни базени. Досега во касарната продадени се 71 парцела за куќи, 15 за згради, 2 за хотели, две за деловни објекти. Иако парцелите се продаваат, а дел од зградите почнаа да се градат, во касарната се уште нема инфраструктура.
„Во делот кој е предвиден за куќи нема никаква инфраструктура, нема водоводна мрежа, канализација, струја. Луѓето кои се наддаваат знаат за тоа. Меѓутоа ги распишавме сите парцели со цел да се пријават што поголем број наши сограѓани да може во исто време да побараат одобрение за градба, да уплатат комуналии за да можеме забрзано да ја подготвиме целата инфраструктурна мрежа за да можат да си ги градат објектите“, вели Талески.
Во делот кој е предвиден за куќи нема никаква инфраструктура, нема водоводна мрежа, канализација, струја. Луѓето кои се наддаваат знаат за тоа. Меѓутоа ги распишавме сите парцели со цел да се пријават што поголем број наши сограѓани да може во исто време да побараат одобрение за градба, да уплатат комуналии за да можеме забрзано да ја подготвиме целата инфраструктурна мрежа за да можат да си ги градат објектите.Владимир Талески, градоначалник на Битола.