Достапни линкови

Дарко Багески во КИЦ ја заокружува првата турнеја


Дарко Багески.
Дарко Багески.

Со изведба на дела од Џулијани, Мерц, Пијацола и Јовичиќ, гитаристот Дарко Багевски, утревечер од 20 часот, во Културно информативниот центар во Скопје, ја завршува својата прва солистичка турнеја во рамките на која со успех музицираше во Македонија и во Хрватска.

Со оглед на тоа што овие концерти беа и од едукативен карактер, посебно за македонската публика од градовите во внатрешноста на земјава, сметам дека јас како инструменталист ја заокружив идејата со која ја започнав оваа серија – да им ја доближам класичната гитара на што поголем број љубители на музиката. Ова ќе го забележи Дарко Багески по настапите во Кочани, Гевгелија, на фестивалот во хрватскиот град Копривница и во Битола и во пресрет на последниот перформанс од турнејата – оној што треба да се одржи во Културно информативниот центар во Скопје. Говорејќи за убавиот прием на неговата изведба тој дополнува дека во иднина очекува многу поголем број на посетители на овој тип концертни настапи.
Има публика која што ја сака класичната гитара, го сака нејзиниот звук, нејзиниот репертоар и сметам дека во иднина со вакви концерти ќе може да се надеваме на сè помногубројна публика во салите посебно во малите градови каде што ова навистина е реткост.
Дарко Багески, гитарист.

„Има публика која што ја сака класичната гитара, го сака нејзиниот звук, нејзиниот репертоар и сметам дека во иднина со вакви концерти ќе може да се надеваме на сè помногубројна публика во салите посебно во малите градови каде што ова навистина е реткост.“
Дарко Багески, гитарист.
Дарко Багески, гитарист.

Багески на оваа турнеја по прв пат се најде во позиција сам да ја состави програмата(досега тоа го правеше со помош на неговите ментори на постдипломските студии, Германецот Герхард Рајхенбах и Гркот Костас Котциолис) и за своето посегање по делата на Џулијани, Мерц, Пијацола, Бариос, Рејс, Богдановиќ и Јовичиќ, вели дека сметал оти овој одбир најмногу ќе допре до балканската и посебно до македонската публика.
Чекам на менаџер, чекам на некои работи кои што треба да се случат едноставно. За тоа треба секако да се изодат некои скалила и ова е едно од нив кое ќе ми овозможи да одам нагоре во кариерата. Во светот има многу гитаристи, многу голема конкуренција, но убеден сум дека секој човек е посебен како музичар и дека доколку технички доволно ги совладува композициите може со своето јас да напредува во музичкиот свет на денешницата.
Дарко Багески, гитарист.

„Сам ја прилагодив програмата сметајќи дека таа најмногу ќе допре до македонската, до балканската публика, бидејќи е од класичниот, од романтичниот период има балкански автори, а има и дел танго – јужноамериканска музика која што е доста популарна во последните години во светот.“

Роден во 1981 година во Скопје, Дарко Багески тајните на класичната гитара започнал да ги открива во класата на Јане Пенов во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“, а матурирал во училиштето „Павао Марковац“ во Хрватска кај професорот Џевдет Сахатчија. Продолжил во Вајмар, Германија кај Кристијане Шпанов и дипломирал во класата на Јурген Рост. Магистрира на Државниот конзерваториум за музика во Солун и сега работи како редовен професор по класична гитара во средното училиште и доцент е на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Зад него се бројни концертни настапи на фестивалите во земјава и во странство, како солист свирел со Македонската филхармонија, победувал на неколку значајни интернационални претставувања, а неговите ученици и студенти се добитници на награди на многубројните државни и меѓународни натпревари.

Тој за себе истакнува дека целта му е што почесто да настапува оти така како уметник се мотивира да работи повеќе. Вели дека чека на вистински менаџер и дека на оваа турнеја гледа како на едно од скалилата кои што треба да се искачат.

„Чекам на менаџер, чекам на некои работи кои што треба да се случат едноставно. За тоа треба секако да се изодат некои скалила и ова е едно од нив кое ќе ми овозможи да одам нагоре во кариерата. Во светот има многу гитаристи, многу голема конкуренција, но убеден сум дека секој човек е посебен како музичар и дека доколку технички доволно ги совладува композициите може со своето јас да напредува во музичкиот свет на денешницата.“

Македонскиот гитарист до крајот на годинава треба да концертира во соседна Србија, од март до мај 2013 ќе музицира во Германија, Хрватска и во Бугарија, а паралелно ќе биде член на жирија на неколку фестивали и ќе треба да држи мастер класови во земјите од регионов.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG