Достапни линкови

Локални избори во БиХ - желба за промени


Бих - Сарево, избори
Бих - Сарево, избори

Локалните избори во Босна и Херцеговина се карактеризира со голем одѕив, а според неофицијалните резултати гласачите сакаат промени, кои се посебно видливи во Република Српска.

Според неофицијалните резултати и изборните штабови на политичките партии очигледно дека Странката за демократска акција освои најмногу гласови во Федерацијата, јавија дописниците на Радио Слободна Европа од Сарево. Во исто време, Српската демократска партија го порази владејачкиот Сојуз на независните социјалдемократи на претседателот на Република Српска Милорад Додик во српските општини.

Босанско-хрватска федерација

Странката за демократска акција ги задржала сите 38 позиции кои ги имаа на локалните избори во 2008 година. Тие, според партиски извори, освоиле 36 општини во Федерацијата и две општини во Република Српска. Големиот успех за оваа партија се и победите во Бихаќ, Олово и општина Нови Град Сараево, кои беа традиционално упориште на Социјалдемократската партија.

Од друга страна, СДП презеле 11 општини или три повеќе отколку на претходните локални избори. Сепак, имајќи ја предвид големината на општините многумина веруваат дека тоа е еден вид на изборниот пораз на Социјалдемократската партија.
Локални избори во БиХ
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:42 0:00
Република Српска

Значително изненадување на локалните избори во БиХ се податоци кои доаѓаат од Република Српска и, според кои, владејачкиот Сојуз на независните социјалдемократи на претседателот Мирослав Додик е поразен во десетина општини.

Се уште е неизвесна трката за градоначалник на Бања Лука, меѓу кандидатите на Сојузот на независни социјалдемократи и кандидатот на коалицијата „Заедно за Бања Лука“, Драган Чавиќ.

Според она што е соопштено од Хрватската демократска заедница на Босна и Херцеговина и „ХДЗ -1990“, резултатите од овие две партии ќе останат на исто ниво како и на последните локални избори.

Излезност

Резултатите од локалните избори, според аналитичарите, ќе имаат влијание врз политичката сцена во Босна и Херцеговина во следните две години. Според Централната изборна комисија, на локалните избори во БиХ излезноста била 56,36 насто. Од тоа во Федерацијата гласале 54,79 насто, а во Република Српска, 59,18 и 51,57 отсто од областа Брчко.

Граѓаните на Босна и Херцеговина во неделата избираа меѓу 30.351 кандидати, од кои 550 кандидати за градоначалници и речиси 30-тина илјади советници. Локалните избори во Босна и Херцеговина се петти по ред од завршувањето на војната.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG