Со Декадата на Ромите во Република Македонија се направени големи чекори напред, особено во сферата на образованието и подобрувањето на инфраструктурата во населбите каде што живеат Ромите. Со потпишувањето на Меморандуми со 18 општини за имплементација на локалните акциони планови и понатаму ќе се подобрува состојбата на Ромите на локално ниво. Со Рамковниот договор, бројот на вработените Роми во земјава во администрацијата за прв пат е над 140. Но, сепак, ромската етничка заедница се соочува со бројни проблеми, бидејќи над 90 отсто од ромското население има нагласени социјални проблеми.
Оваа оценка ја изнесува националниот координатор на декадата на Ромите во Македонија Неждет Мустафа, кој е и министер без ресор во македонската влада. Тој подвлекува дека главен проблем фактички е што Ромите сè уште не го разбираат значењето на гласот во демократијата.
„Моја оценка е дека и лидерите на политичките партии и населението не ја разбираат основата во демократијата. Во демократијата, ако сакате да се интегрирате и да имате соживот – основа е гласот, односно гласачкото право. Се случуваше моќните политичките партии да ги купуваат гласовите на Ромите, им се одземаше нивната моќ. Гласот одлучува за власта, но и за буџетот. Ние таа лекција ја сфативме. Заради тоа, меѓу мојата партија ОПЕ и партијата на Шабан Салиу кон крајот на идниот месец ќе се случи големо обединување за да влијанието на Ромите биде поголемо. Воедно ќе разговараме да се обединат и другите партии на Ромите. Тоа ќе овозможи поголема контрола на гласовите на Ромите, за да не живееме маргинализирано и во изолација.“
Националниот координатор на декадата на Ромите смета дека Ромите се трета по големина етничка заедница во Македонија, но, според него, дел од гласовите на Ромите ги добиваат партиите на други етнички заедници.
„Обединетата партија за еманципација има силни анализи, според кои, по Албанците ние сме една од етничките заедници кои сме најбројни. Наша несреќа е тоа што не сме доволно организирани. Во Источна Македонија, особено во Радовиш и Струмица и повеќе селски населби, поради верската припадност Ромите се декларираат како Турци. Турските политички партии тоа паметно го користат и ги грабаат гласовите на Ромите. Но има такви проблеми и во западниот дел на Македонија. Таму има соживот и гласот се дава некогаш и на соседот со цел да се има интегрирање во средината. Ние укажуваме дека не треба да се меша верската со националната припадност.“
Националниот координатор и министер во владата на Македонија Неждет Мустафа вели дека, и покрај проблемите, Ромите во Македонија се во многу подобра состојба за разлика од положбата на Ромите во другите балкански земји. Според него, состојбите на Ромите во балканскиот регион е мизерна и катастрофална.
„Ромите во балканскиот регион во 21 век се во катастрофална и мизерна состојба. Нивната социјална положба е тешка. Во Бугарија во таа насока има и проституција. Состојбата е тешка во сите земји. Поради оваа состојба има потреба од силен балкански европски глас. Имаме веќе контакти меѓу група на интелектуалци од повеќе балкански земји за да се формира асоцијација на Ромска балканска унија. Луѓето во оваа група би контактирале со раководствата на државите за да се подобри состојбата на Ромите“, вели националниот координатор и министер Неждет Мустафа.
Гласот одлучува за власта, но и за буџетот. Ние таа лекција ја сфативме. Заради тоа, меѓу мојата партија ОПЕ и партијата на Шабан Салиу кон крајот на идниот месец ќе се случи големо обединување за да влијанието на Ромите биде поголемо. Воедно ќе разговараме да се обединат и другите партии на Ромите. Тоа ќе овозможи поголема контрола на гласовите на Ромите, за да не живееме маргинализирано и во изолација.Неждет Мустафа, лидер на Обединетата партија за еманципација(ОПЕ), министер без ресор, национален координатор на Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015 и на Националната стратегијата за Ромите.