Достапни линкови

ОН и филмот за пророкот Мухамед


На Генералното собрание на ОН во Њујорк една од темите кои доминира е филмот со кој се исмева пророкот Мухамед што предизвика големи протести во исламскиот свет. Повеќе лидери со осуда за видео записот на Јутјуб и со барање слободата на изразот да подразбира и одговорност ако ги загрозува мирот и стабилноста.

Пакистанскиот Претседател Асиф Али Зардари го осуди видеото за пророкот Мухамед кое предизвика силни протести во исламските земји и побара ОН да дејствуваат.
Асиф Али Зардари
Асиф Али Зардари

„И покрај тоа што ние никогаш нема да одобриме насилство, меѓународната заедница не смее да биде нем посматрач и треба да ги казни актите против мирот во светот. Не смее да има злоупотреба на слободата на изразувањето. ОН треба веднаш да реагираат на ова прашање.“

И новиот претседател на Египет Мохамед Мурси изјави дека слободата на говорот подразбира одговорност, посебно ако ги загрозува мирот и стабилноста.

Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи, пак, изјави:
Силно ги осудуваме овие навредувачки работи, без разлика дали станува зборн за филм, или публикација или карикатура. Ова никогаш не смее да се оправдува со слободата на изразот исто како и што протестите не смееат да бидат искористени за иницирање насилство во кое се губат човечки животи
Хамид Карзаи, претседател на Авганистан.

„Силно ги осудуваме овие навредувачки работи, без разлика дали станува зборн за филм, или публикација или карикатура. Ова никогаш не смее да се оправдува со слободата на изразот исто како и што протестите не смееат да бидат искористени за иницирање насилство во кое се губат човечки животи.“

Претходно, американскиот Претседател Барак Обама ги повика лидерите да застанат против антиамериканското насилство во исламските земји.

​„Јасно ставив на знаење дека владата на САД нема ништо заедничко со тоа видео и верувам дека неговата порака мора да биде отфрлена од целото човештво. Тоа не ги навредува само муслиманите туки и Америка. Ние сме земја која ги прафаќа сите луѓе од сите раси и вери.“

Претставници на Соединетите Држави и на Арапската лига во меѓувреме потпишаа меморандум за интензивирање на дијалогот.

Документот во Њујорк го потпишаа американската државна секретарка Хилари Клинтон и генералниот секретар на Лигата Набил ал Араби. Клинтон изјави дека последните случувања ја демонстрираат важноста за подобрување на дијалогот меѓу САД и арапскиот свет.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG