Повеќе од 300 Mакедонци од Мала Преспа и Пустец во Албанија доаѓаат во Охрид барајќи работа. Велат дека работат сè и сешто најчесто како мајстори за минимални дневници, но оти тоа им е единствен начин за егзистенција. Се жалат на условите за живот во Албанија, за каде велат дека инфраструктурата е катастрофална, без водовод и канализација, лоши патишта и оти државата не вложувала во местата каде што живеат Македонци. Сиљан Сотир и Дончо Стојаноски се меѓу многуте кои секојдневно за работа чекаат на влезот од градскиот пазар во Охрид.
„Многу е сиромашно. Местото не чини, работа нема. Во Албанија е криза голема, невработеноста е голема. Слабо е многу“, вели Сиљан Сотир од Мала Преспа.
„Вода нема, не се помага ништо. Многу е слабо. Ако има, ние нема да доаѓаме овде на работа. Работиме обична аргатска работа, но нема ништо.“
РСЕ: Дали државата Албанија инвестира во деловите каде што живеат Македонци?
„Кај нас ништо во Мала Преспа. Јас сум од селото Леска. Преживуваме малку од Македонија, од Албанија немаме никаква помош“, вели Дончо Стојаноски од Мала Преспа.
Според проценките, во Албанија живеат повеќе од 150.000 Македонци кои живеат во регионите на Гора, Голо Брдо и Мала Преспа, а кои во потрага по подобар живот се раселени на територијата на цела Албанија.
„Овие три региони се најсиромашните во Албанија и Албанија нема инвестирано во овие региони, во инфраструктура, водоводи, канализации. Подобрено е само во Мала Преспа, во овие неколку години кога политички сме ангажирани и ја имаме локалната власт во Мала Преспа. Додека во регионите на Гора и Голо Брдо нема најосновни услови за живот од патишта, водоводи до работни места“, вели Васил Стерјоски од Македонска Алијанса за Европска интеграција.
Главен приход на Македонците останува миграцијата во соседните земји, вели Стерјоски. Тој додава дека и понатаму се соочуваат со проблемот на дискриминација кој што малцинствата го имаат од властите во Тирана. Вели дека македонската заедница во Албанија не е финансиски моќна за да организира попис за сопствените потреби како што најавуваат Грците во Албанија. Единствено решение е организирање нов попис од страна на државата од кој ќе зависи признавањето и подобрувањето на правата на сите малцинства кои живеат во Албанија, вели Стерјоски.
Многу е сиромашно. Местото не чини, работа нема. Во Албанија е криза голема, невработеноста е голема. Слабо е многу.Сиљан Сотир, жител на Мала Преспа.
„Многу е сиромашно. Местото не чини, работа нема. Во Албанија е криза голема, невработеноста е голема. Слабо е многу“, вели Сиљан Сотир од Мала Преспа.
„Вода нема, не се помага ништо. Многу е слабо. Ако има, ние нема да доаѓаме овде на работа. Работиме обична аргатска работа, но нема ништо.“
РСЕ: Дали државата Албанија инвестира во деловите каде што живеат Македонци?
Вода нема, не се помага ништо. Многу е слабо. Ако има, ние нема да доаѓаме овде на работа. Работиме обична аргатска работа, но нема ништо.Дончо Стојаноски, жител на Мала Преспа.