Достапни линкови

Бранителите и ОНА за мерење „патриотизам“ пред избори


Делегацијата предводена од заменик претседателот Муса Џафери положи цвеќе на споменик на припадниците на ОНА во село Слупчане – општина Ликово
Делегацијата предводена од заменик претседателот Муса Џафери положи цвеќе на споменик на припадниците на ОНА во село Слупчане – општина Ликово

Груевски и Ахмети не се договорија за предлог законот за бранители, а владата тврди дека функционира во полн состав и капацитет.

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Никола Груевски и Али Ахмети не успеаја да се договорат за предлог законот за бранители, кој ја предизвика кризата во нивните односи. Од друга страна, портпаролот на владата Александар Ѓорѓиев по нивната средба излезе со тврдење дека Владата функционира во полн состав и капацитет и дека граѓаните може да бидат спокојни. Од ДУИ велат дека остануваат на нивниот став, во законот да бидат опфатени и припадниците на ОНА, а немаше помрднување и во позициите на ВМРО-ДПМНЕ.
Овој пат се чини дека кризата ќе остави и ќе предизвика и следни кризи, без разлика дали ќе се оди или нема да се оди на избори, а по се изгледа дека ќе мора да се оди. Проблемот што го отвораат овие две партии ги надминува нивните капацитети и станува веќе проблем на Македонија, пред сè мислам на меѓуетничките односи.
Алајдин Демири, универзитетски професор.

Професор Алајдин Демири вели дека кризата во владината коалиција е вештачки произведена и според него таа во наредниот период ќе се продлабочува.

„Овој пат се чини дека кризата ќе остави и ќе предизвика и следни кризи, без разлика дали ќе се оди или нема да се оди на избори, а по се изгледа дека ќе мора да се оди. Проблемот што го отвораат овие две партии ги надминува нивните капацитети и станува веќе проблем на Македонија, пред сè мислам на меѓуетничките односи“, вели Демири.

Според политичкиот аналитичар Соња Стојадиновиќ и на двете партии не им одговара да ги променат нивните ставови за усвојување на законот.
Работата е кој ќе попушти и кој ќе направи подобро ценкање, затоа што сепак во овој случај кај нив е реализација на внатрешно коалициските договори, а не и договорите со кои излегоа како коалиција. Тие договори ние ќе ги знаеме на крајот, кога ќе се реализираат.
Соња Стојадиновиќ, политички аналитичар.

„Мислам дека не им е во интерес на ДУИ да биде донесен, бидејќи ќе го изгубат интегритетот во очите на нивното гласачко тело, а ВМРО-ДПМНЕ од друга страна ќе се обидува да притиска да се реализира тој закон во тој облик во кој е даден во парламентот, затоа што мора да го задржи своето гласачко тело и да си го задржи интегритетот, не само кај членството, туку и пред целиот македонски ентитет“, вели Стојадиновиќ.

За Демири ситуацијата е нерешлива и тоа ќе резултира со распишување на предвремени избори.

„Колку и да мистифицираат Груевски и Ахмети со нивните тајни средби без изјави, без толкувања, па после криење по Македонија без никакви изјави покажува дека политичкиот капацитетот на овие лидери е лимитиран и произведуваат само зло“, вели Демири.

Стојадиновиќ додава дека некоја од двете партии ќе мора да попушти за да опстои коалицијата.

„Работата е кој ќе попушти и кој ќе направи подобро ценкање, затоа што сепак во овој случај кај нив е реализација на внатрешно коалициските договори, а не и договорите со кои излегоа како коалиција. Тие договори ние ќе ги знаеме на крајот, кога ќе се реализираат“, вели Стојадиновиќ.

Од владината коалиција најавија дека комуникацијата меѓу лидерите ќе продолжи во наредниот период, а за евентуално одржување на предвремени избори не станало збор на средбата.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG