Достапни линкови

Големото уво се зголемува или си ја легализира големината


Со предлог измените во законот за следење на комуникации, право за прислушување ќе добијат Царинската управа, Финансиската полиција, Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи и Јавниот обвинител.

Со новите предлог измени во законот за следење на комуникации се отвoра место за сомнеж дека досега нелегално се работело во државата, велат експертите. Причината за тој сомнеж е податокот дека со предлог измените на законот нема да се потроши ниту еден денар, а за да можат на пример Финансиската полиција или Царината да следат комуникации, тие имаат потреба од опрема која воопшто не е евтина.
Што повеќе имате вакви прислушни центри тоа прво чини многу буџетски пари, многу нови работни места и тоа сепак чини пари и на крај она што е најбитно за граѓаните, за човековите права и слободи, вршењето на контрола која реално ние во оваа ситуација не можеме никако да ја извршиме, а камо ли на 5 места, каде што треба да се врши таа контрола.
Владимир Пивоваров, универзитетски професор и поранашен разузнавач.

Поранешниот разузнавач и универзитетски професор Владимир Пивоваров вели дека токму ова отвора сомнеж дека нешто се случува надвор од законот и Уставот.

„Ама ова е сериозен проблем, значи тоа веќе доведува до размислување што се случува во државата. Значи првата опција е дека Управа за финансии, за Царина веќе располагаат со таква опрема, нема друго размислување, затоа што вели 0 денари ќе биде ставката. Ова е многу скапа опрема, зависи од квантитетот и квалитетот на бројот на линиите кои што требаат да бидат следени истовремено. Имате од најевтини со неколку линии за следење и нормално оние кои се за професионални служби кои чинат неколку, па и повеќе милиони евра.“

Тој додава дека е нелогично до пред две години Владата да се залага за еден разузнавачки прислушен центар, а сега, од истата политичка опција се бара да се расплине на 5 прислушни центри.
Сега истражниот судија може да донесе одлука во рок од 48 часа со што се изедначува рокот за донесување на одлука во итни случаи, значи сега нема разлика меѓу обичен и итен случај, и во двата случаи истражниот судија ќе треба да ја донесе одлуката во рок од 48 часа.
Уранија Пировска, извршен директор на Хелсиншкиот комитет на Македонија.
.

„Не знам од каде се променија тие ставови преку ноќ. Што повеќе имате вакви прислушни центри тоа прво чини многу буџетски пари, многу нови работни места и тоа сепак чини пари и на крај она што е најбитно за граѓаните, за човековите права и слободи, вршењето на контрола која реално ние во оваа ситуација не можеме никако да ја извршиме, а камо ли на 5 места, каде што треба да се врши таа контрола.“

Со предлог измените, право за прислушување ќе добијат Царинската управа, Финансиската полиција, Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи и Јавниот обвинител.

Опозициските пратениците и дел од пратениците од владејачкото мнозинство на вчерашната собраниска седница предупредија дека со вакво законско решение ќе се создаде хаос во работата и дека ќе се овозможи мерката прислушување масовно да се користи.

Она што се толкува како посебна закана по човековите права и слободи е зголемениот опсег во начините на следење, зголемениот број на институциите кои ќе бидат овластени да го прават тоа, како и кратењето на времето потребно судија да одлучи кој треба да биде следен посочуваат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

„Сега истражниот судија може да донесе одлука во рок од 48 часа со што се изедначува рокот за донесување на одлука во итни случаи, значи сега нема разлика меѓу обичен и итен случај, и во двата случаи истражниот судија ќе треба да ја донесе одлуката во рок од 48 часа,“ вели Уранија Пировска, извршен директор на Хелсиншкиот комитет на Македонија.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска како причини за законските измени ги наведе законот за Кривична постапка кој е донесен во 2010 година и укажувањата кои се содржани во извештајот на Европската Комисија.

Експертите велат дека со овие измени нема да се избегнат забелешки за законот во новиот извештај.

Предлогот за менување на Законот за следење на комуникациите доби начелна поддршка од парламентот. Опозицијата, а и некои пратеници од мнозинството, гласаа воздржано, затоа што со новите измени, како што велат, ќе се претвориме во полициска држава.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG