Говорејќи на прес конференција во Белата куќа, претседателот Барак Обама изјави дека до овој момент не наредил американска воена интервенција во Сирија.
Но, тој го предупреди сиријскиот претседател Асад и како што рече, „другите играчи на теренот“ дека евентуалната употреба на хемиско оружје ќе претставува „црвена линија“ и ќе го смени неговото мислење во врска со интервенцијата во сиријската криза.
„Таму ќе има огромни последици доколку почнеме да гледаме движење или употреба на хемиското оружје.“
Сирија во минатиот месец за прв пат обелодени дека поседува хемиско и биолошко оружје и оти ќе го употреби во случај на надворешна агресија.
Се верува дека војската на Асад има иперит, сличен на оној што го употреби поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин врз курдското малцинство во осумдесетите години од минатиот век, како и нервни гасови од типот „табун“ и „сарин“ кои можат да бидат употребени преку бомби, ракети или артилериски гранати.
Обама изјави дека разместувањето или користењето на такво оружје ќе го прошири конфликтот во регионот.
„Тоа прашање не се однесува само на Сирија. Тоа се однесува на нашите блиски сојузници во регионот, вклучувајќи го и Израел. Тоа се однесува и на нас. Не можеме да имаме ситуација кога хемиско или биолошко оружје доаѓа во рацете на погрешни луѓе.“
Западните земји и Израел страхуваат дека таквото оружје би можело да се најде и кај разни милитантни групи.
Израел соопшти дека доколку герилците на Хизболах кој ја има поддршката на Сирија ја искористат ситуацијата за да ја преземат контролата врз оружјето, ќе реагира веднаш и тоа со сите расположиви средства.
Во меѓувреме, од Сирија доаѓаат информации дека продолжуваат жестоките борби во неколку делови на земјата, вклучувајќи ги и северниот град Алепо, градот Дара на југот на Сирија како и некои предградија на Дамаск.
Од друга страна сиријското министерство за надворешни работи вчера оцени дека конфликтот во земјата не може да се нарече граѓанска војна, бидејќи тоа не и одговора на реалноста.
„Она што се случува на теренот се терористички злосторства против сиријскиот народ на салафистички банди, поддржани од познати земји“, се прецизира во соопштението на сиријското министерство за надворешни работи.
Обединетите нации проценуваат дека над 18 илјади луѓе загинале во конфликтите кои започнаа пред година ипол. За тоа време земјата ја напуштиле над 170 илјади луѓе, додека на над два ипол милиона сиријци им е неопходна хуманитарна помош.

Тоа прашање не се однесува само на Сирија. Тоа се однесува на нашите блиски сојузници во регионот, вклучувајќи го и Израел. Тоа се однесува и на нас. Не можеме да имаме ситуација кога хемиско или биолошко оружје доаѓа во рацете на погрешни луѓе.