Достапни линкови

Дјуран Дјуран го освојуваат Скопското кале


Англискиот рок бенд Дјуран Дјуран.
Англискиот рок бенд Дјуран Дјуран.

„Дјуран Дјуран“, еден од најзначајните британски бендови во историјата на популарната музика, в сабота на 7 јули ќе настапи на Скопско кале.

По „Скопје гори“ и големиот регионален фестивал „Белград повикува“, домашните промотори „Авалон продукција“ во Македонија по прв пат го носат и „Дјуран дјуран“ - еден од најзначајните британски бендови на 1980-те и составот чија слава не темнее до денес.
Посебна чест и задоволство ни е навистина да настапиме пред овие великани на поп музиката.
Владимир Крстевски – Франц, Нокаут.

Сајмон Ле Бон, Џон Тејлор, Роџер Тејлор, Ник Роудс и гитаристот Дом Браун пред домашната публика е планирано да ги изведат своите најголеми хитови како „Rio“, „Hungry Like the Wolf“, „Girls on Film“, „Sunrise“, „Ordinary World“, „Come Undone“ и песните од својот последен студиски албум „All You Need Is Now“. На тој начин музичарите кои своевремено, со уште неколку големи бендови од тој период, го трасираа патот на она што беше именувано како „њу-вејв“, „нов романтизам“, „синти-поп“... треба со леснотија да го потврдат реномето како еден од омилените бендови на неколку овдешни генерации кои растеле со нивните денес „класични поп песни“.
Никола Перевски - Пере од македонскиот поп состав Нокаут.
Никола Перевски - Пере од македонскиот поп состав Нокаут.

Ова за нас е еден посебен настан. Настапуваме во полн состав, осум луѓе ќе бидеме на сцена, ќе дадеме сè од себе и ќе биде убаво.
Никола Перевски – Пере, Нокаут.
Формиран во 1978, со продадени над 80 милиони копии од своите изданија и дури 18 хит-сингла на светските топ листи, „Дјуран дјуран“ денес е мега-успешен состав кој на своето конто ги има и најважните музички награди како Греми, Брит и оние што ги доделува глобалната Музичка телевизија. Впрочем, токму Ем-ти-ви поради нивните несекојдневни, високостилизирани, контроверзни и провокативни видео-спотови ги промовираа во една од највозбудливите појави на светската поп сцена.

За чудо, нивното последно видео-издание за песната „Girl Panic!“, кое е во ист манир и во кое се појавуваат светските топ-модели Јасмин Ле Бон, Синди Крафорд, Наоми Кемпбел, Ева Херцигова и Хелена Кристенсен, предизвика реакции насекаде низ светот и по цели три децении во нивната кариера им донесе и забрана за емитување на некои од музичките канали што само по себе само ќе ја зголеми побарувачката за нивната нова албумска објава.

Како гости на концертот на „Дјуран дјуран“ на Скопско кале ќе свират момците од македонскиот состав „Нокаут“ кои во предвечерието на овој настан велат дека ќе дадат сè од себе за да ја оправдаат довербата што им е укажана.

„Посебна чест и задоволство ни е навистина да настапиме пред овие великани на поп музиката“, вели Владимир Крстевски – Франц.

„Ова за нас е еден посебен настан. Настапуваме во полн состав, осум луѓе ќе бидеме на сцена, ќе дадеме сè од себе и ќе биде убаво“, вели Никола Перевски – Пере.

Инаку, Сајмон Ле Бон и неговите соработници во Скопје ќе пристигнат по концертот во Солун, потем ќе свират на големиот летен фестивал „Егзит“ кој се одржува во соседна Србија, а на 27 јули е планирано да настапат на отворањето на Летните олимписки игри во Лондон.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG