Дури и доколку нивните економии би биле доволно робустни за да добијат членството, што во случајот не е случај, на ниту една од државите од Балканот, кои чекаат пред вратата нема да им биде лесно, барем во краток рок, да ги исполнат стандардите на Европската унија на искреност и непристрасност во јавниот живот. Ова се наведува во текстот на Фајненшал тајмс во кој се додава: Ова пак, не е аргумент за затворање на вратата за Балканските земји или, како што направија некои европски влади со Турција, да се преправаат дека и нудат членство, додека приватно го саботираат нејзиниот напредок.
ЕУ да почне преговори со Црна Гора и Србија
Оставајќи го Балканот да мрзне надвор тешко дека тој ќе заздрави од тенденциите на национализам, политичко насилство и социјален неред кои повеќе пати во изминатиот век извезоа тензии во останатиот дел на Европа. Затоа е добра идејата Европската унија да почне преговори за членство со Црна Гора, со надежи дека тоа наскоро ќе го стори и со Србија.
Од друга страна, во врска со организираниот криминал и корупцијата, европските преговорачи треба браната да ја постават повисоко, како што направија со Хрватска која во идната година ќе стане 28 членка на Унијата. Црногорското население кое едвај брои 630 илјади не треба да биде попустливо спрема државата која до неодамна беше позната за шверц со цигари.
Лицемерие на европската остроумност
Секако постои извесно лицемерство во европската остроумност. Неколку земји кои веќе се дел од Европската унија не ги исполнуваат стандардите на Унијата. Тука не се мисли само на 10 земји од поранешниот комунистички блок. Политичката реалност е дека западноевропските земји, всушност признаваат дека згрешиле со приемот на Бугарија и Романија во 2007 година кога и во двете земји имаше висока корупција и продорен организиран криминал.
Ваквото искуство доведе до замореност од проширување во западна Европа, тренд кој се интензивира по стагнацијата на животниот стандард, растечката невработеност и должничката криза во еврозоната.
Најдобар начин за запирање на заморот од проширување во Европската унија и за генерирање на долгорочна стабилност на Балканот е заедничко работење со реформските сили во регионот со цел елиминирање на корупцијата и на организираниот криминал. Тогаш балканските земји ќе можат да го земат нивното вистинско место како членки на семејството на Европската унија, се заклучува во коментарот на Фајненшал тајмс.