Протест против апсењата за петкратното убиство
Неколку илјади млади луѓе, доминантно млади Албанци, протестираа во Скопје поради апсењата на 20 лица поврзани со петкратното убиство кај Смилковското Езеро. Демонстрантите се сомневаат дека уапсените се вистинските виновници за убиството. Дел од нив велат дека со изјавата на министерката Јанкулоска дека станува збор за исламистичка терористичка група, се стигматизираат сите муслимани во земјава.