Се сеќавате дека Владата наголемо ги промовираше таканаречените економски промотори, никој не знае колкумина и колку платени луѓе, со мисија во странство за да ловеле странски инвеститори, но и да го промовираат македонскиот извоз.
Дневниот Капитал прашува „Зошто економските промотори се тешко достапни за извозниците“, додавајќи дека бизнисмени се жалат оти некои од промоторите не одговараат ниту на имејл. Инаку, најактуелно деновиве беше новото роуд-шоу на владиниот тим на чело со Груевски во Катар, што инспирира некои печатени медиуми на бомбастични наслови.
Вечер веднаш знае дека „Мисијата е исполнета - владината делегација од Катар се враќа со инвестиции“ и дека „Катар Петролеум влегува во Македонија!“.
Утрински резервирано со прашалник во насловот пишува: „Катар ќе купува половина од ЕЛЕМ?“, а новиот дневен
весник Ден исто така со прашалник: „Овче Поле има нафта за Катар?“. Утрински во коментар констатира: „Патувачките шоуа ги заменија големите реформи“. Во меѓувреме, истиот весник ја пренесува официјалната статистика дека невработеноста во последниот квартал на минатата година пораснала и изнесувала 31,8 отсто, а дека индустриското производство опаднало за 8,8 проценти.
Дневник информира дека „Бранот поскапувања се претвора во цунами, а Нова Македонија дека „На улица можат да останат 40. 000 работници со владината забрана за промет со старо железо.
Ден објавува дека Советот за радиодифузија ги условил Ѕинго и Стојменов: „Или власт или телевизии“.
Утрински дека „Љубчо и Љубе се смирија“, односно, дека официјално почнале работните средби на раководствата на ВМРО-Народна и на Обединети за Македонија за коалицирање.
Дневниот Фокус на насловна со фотографија на Груевски и Ахмети и со наслов „А да им стегнеме едни избори?“, најавува дека ВМРО-ДПМНЕ подготвува изненадување, а дека ДУИ за сега бил против нови предвремени парламентарни избори заедно со локалните.
И како за крај, веста што ја објавува Нова Македонија и која кажува се' за тоа каква е политиката, ако некој случајно се залажува дека во неа има правда и искрени односи: „Грција крати на храна, а купува авиони и тенкови“ и дека најмногу оружје набавува од Германија и од Франција, земјите што се најгласни во барањата Атина да штеди.
Зошто економските промотори се тешко достапни за извозниците. Бизнисмени се жалат оти некои од промоторите не одговараат ниту на имејл.Капитал
Дневниот Капитал прашува „Зошто економските промотори се тешко достапни за извозниците“, додавајќи дека бизнисмени се жалат оти некои од промоторите не одговараат ниту на имејл. Инаку, најактуелно деновиве беше новото роуд-шоу на владиниот тим на чело со Груевски во Катар, што инспирира некои печатени медиуми на бомбастични наслови.
Вечер веднаш знае дека „Мисијата е исполнета - владината делегација од Катар се враќа со инвестиции“ и дека „Катар Петролеум влегува во Македонија!“.
Утрински резервирано со прашалник во насловот пишува: „Катар ќе купува половина од ЕЛЕМ?“, а новиот дневен
Љубчо и Љубе се смирија. Официјално почнале работните средби на раководствата на ВМРО-Народна и на Обединети за Македонија за коалицирање.Утрински весник.