Достапни линкови

Најкоментирани текстовите за меѓуетничките односи


Најкоментирани текстови на нашиот сајт изминатата недела се оние кои се однесуваат на меѓуетничките тензии во земјава.

Паралелно со повторната меѓуетничка вознемиреност, на површина излегува и нашето ново прашање во Хајд-паркот: Дали сме безбедни и дали имаме доверба во институциите? Одговорите во нашата видео-анкета и на веб-страницата на Радио Слободна Европа - загрижувачки, но сепак во нашите граѓани има и верба. Не им веруваат многу на институциите, ама се надеваат дека инцидентите, главно меѓу младите, нема да се интензивираат.
Оружје пронајдено кај ученици при претрес на МВР во Скопје.
Оружје пронајдено кај ученици при претрес на МВР во Скопје.
Се мешаат кривични дела со меѓуетнички несогласувања. За обид за убиство или за тепачка следува казна затвор како за кривично дело и по 5-10 години затвор ќе видиме дали повторно ќе прават такви злодела.
Коментар од читател.

РМК пишува дека нема верба во полицијата, затоа што во нејзините специјални единици сега биле примени офицери од АРМ кои немале полициско искуство, дури имало и такви како некој инспектор технолог кој магистрирал на Полициската академија само за да биде соодветен за полиција. Овој слушател смета дека полицијата е неефикасна, надмена и не функционира на теренот, најверојатно поради лошиот менаџмент.

Слушател потпишан со „Патем“ пишува: „Можеме од се' да бидеме безбедни ама никако од власта, за жал!“.
Автобусите станаа мегдан за силеџиите.
Автобусите станаа мегдан за силеџиите.

На нашите, пак, најкоментирани текстови како оној дека „Ако МВР не интервенира, Скопје ќе се претвори во Бејрут“, „Учениците напаѓаат со палки, политичарите со зборови“ и „Автобусите на ЈСП - мегдан за силеџиите“ сте испратиле многу поостри пораки што звучат мошне песимистички во поглед на толку прокламираниот меѓуетнички соживот.

Лека од Германија порачува дека нема да има соживот со Македонците додека се' уште живеете, како што пишува, во сонот дека сте мнозинство, а јас, вели, малцинство. На Лека му одговара Македон кој се надева дека неговиот сонародник е доволно зрел за да сфати дека дека војните имаат само губитници, а не победници, а Нико од Струга пишува дека се мешаат кривични дела со меѓуетнички несогласувања. За обид за убиство или за тепачка следува казна затвор како за кривично дело и по 5-10 години затвор ќе видиме дали повторно ќе прават такви злодела.

Повторно Македон смета дека ова биле вештачки создадени тензии од Грција за да се дестабилизирала Македонија пред самитот на НАТО и дека Македонците со Албанците, Србите, Ромите... живееле одличен соживот.

Слушател потпишан со „Југ“ мисли дека од 20-те години мултиетнички тензии и национална омраза спасот се единствено ЕУ и НАТО и дека ако политичарите не ја послушаат меѓународната заедница и колку сме подалеку од евроатлантските интеграции, сценариото ќе било уште полошо.

Имате ли доверба во институциите? Ја гарантираат ли тие безбедноста на граѓаните во ситуација кога секојдневно сме сведоци на инциденти? Погледнете ја анкетата и коментирајте овде.
Хајд парк - Дали сме безбедни?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:44 0:00
Директен линк
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG