Можни ли се граѓански, а не етнички протести? - е нашата анализа токму на ова прашање. А барем според пораките и коментарите што сте ги испратиле, почитувани, за жал, одговорот изгледа е негативен. Веројатно не сме созреале ниту како граѓанско општество, ниту, пак, сакаме да го сториме тоа, затоа што, се чини, секој ги гледа работите од агол на националниот колективитет, а не како единка со свои остварени човекови права. Особено во изразена мултиетничка средина.
Фудбалерка од Гостивар вели: „Ова што го направи полицаецот е мизерно! Цел Гостивар е иритиран и немојте да се лутите на антимакедонските свиркања бидејќи кога Македонија игра со која било друга држава Македонците исто така викаат против нас“.
Новак изгледа како светла точка во десетиците поразувачки коментари на нашата веб страница: Ако сакаме граѓанско општество, вели, треба да избереме граѓанска власт. „После колку вакви инциденти ќе ни дојде умот?“.
Горан, исто така од Гостивар, пишува дека не треба да се поистоветува случајот со убиството на Мартин со двајцата убиени Албанци во неговиот град, затоа што тие го нападнале полицаецот, а Мартин бил убиен за ништо.
Била го повикува Арменд да не ги разгорува страстите со тоа што повикува на некупување во според него „славјански“ продавници, а некој Икс од Кичево порачува: „Се' додека има етнички убиства ќе има и етнички протести“.
Берлинчанка од Берлин пишува дека нема извинување за убиство, ако е полицаец во цивил, не треба да носи пиштол со себе, тој можел да испука само во воздух, а не во нив.
Анонимен го пофалува нашиот текст и вели дека конечно да се прочита нешто што навистина го лоцира проблемот.
Некој потпишан како актуелниот лик од турската ТВ-серија, Саваш од Ван, смета дека во западниот дел на Македонија се вршел терор над Македонците и дека пукањето е само реакција на тоа.
Бени забележува дека кај многу полицајци видел дека и приватно ги носат пиштолите, како каубојци, вели, да не го носел пиштолот, не ќе се ни храбрел да се противстави на четворица и немало да дојде до убиство.
Деко со својата порака внесува разум па вели дека не треба секоја ситуација да се користи за политички цели, а дека одговорноста е на оние што ги поттикнуваат младите на насилничко однесување кон полицијата. Деко смета и дека и медиумите упорно го распалуваат огнот и апелира да се престане со меѓусебните напади и да се остави судот да си ја работи својата работа.
Ако сакаме граѓанско општество, треба да избереме граѓанска власт. После колку вакви инциденти ќе ни дојде умот?Коментар од читател.
Фудбалерка од Гостивар вели: „Ова што го направи полицаецот е мизерно! Цел Гостивар е иритиран и немојте да се лутите на антимакедонските свиркања бидејќи кога Македонија игра со која било друга држава Македонците исто така викаат против нас“.
Новак изгледа како светла точка во десетиците поразувачки коментари на нашата веб страница: Ако сакаме граѓанско општество, вели, треба да избереме граѓанска власт. „После колку вакви инциденти ќе ни дојде умот?“.
Многу полицајци и приватно ги носат пиштолите, како каубојци. Да не го носел пиштолот, не ќе се ни храбрел да се противстави на четворица и немало да дојде до убиство.Коментар од читател.