Законот за странски дописништва и дописници кој предизвика контроверзии, се доработува и предвид се земени сите забелешки за нејаснотиите, велат од Министерствотo за правда кои се подносители на Законот.
Министерот за правда Блерим Беџети вели дека ја следат дебатата околу законот и дека нејаснотиите, кои според него се од технички аспект, ќе се земат предвид да се допрецизираат одредени членови од Законот за внесување, растурање и ширење на странски печатени работи, филм и информативна дејност.
Како дел од нејаснотиите што произлегоа од првичниот текст се деловите во кои не е презизирано што е тоа „анкета“, зошто министерот да има дискреционо право да одредува кој ќе добие акредитација, а кој не, како и тоа дека министерот ако оцени дека некој не се придржува до прописите за информатива дејност може да му ја одземе дозволата на дописникот. Спорен е делот за тоа колку време може некој да биде дописник.
„Убедени сме дека правилно е постапено таа надлежност да биде во Министерството за надворешни работи имајќи предвиде дека ДКП-ата се под нивна надлежност и нивен ангажман на работа. И во делот на анкетите, следејќи ги внимателно дискусиите и нејаснотиите, мислам дека и тоа се надминува. Гледам дека пратениците доставиле и амандмани, кои веројатно, ќе бидат прифатливи и за нас“, вели
министерот Блерим Беџети.
Акредитациите досега ги издаваше Генералниот секретаријат на Владата и важеа една година. Ништо нема да се смени со новиот закон, вели министерот за правда.
„Интенцијата, идејата на Владата до овој предлог-закон е идентична како што било порано, од година за година да се обноват акредитациите, како што е и во европските земји. Но во делот на толкувањето, последната реченица на тој член, некои ја толкуваа како демак оваа година и наредна година може и повеќе не може, а не е така.“
Новинарката Јасмина Миронски која со години е дописник за Агенцијата Франс прес вели дека не гледа некои големи спорни одредби во Законот. Таа прави споредба со тоа како се акредитираат дописниците во Франција.
„Во времето кога јас живеев и работев во Франција како дописник во тоа време за дневниот весник Нова Македонија и телевизија А1, иако беше доста одамна некаде во 1996 година, акредатицијата за странските дописници таму се врши во Министерството за надворешни работи и да бидам искрена тоа е една навистина долга процедура, барем тогаш таму така беше, со доста проверки, и така натаму.“
Миронски додава дека можеби треба да се направат некои допрезицирања на Законот.
„Тоа што го читав, а сметам дека можеби треба некое прецизирање е правењето на анкети. Мислам дека тука има разлика помеѓу она што е правење на анкета на репрезентативен примерок од преку илјада испитаници, за кои најнадлежни се Агенциите за правење на анкети, а не новинарите, и тоа треба да се разграничи од она што е дневно консултирање или земање на мислење на неколку сограѓани за одреден став во врска со каков и да е економски, политички, културен или спортски настан.“
За време на првото читање во Парламентот, законот предизвика жестока дебата. Опозицијата смета дека со Законот се врши упад во слободата на изразување и обид да се наметне информативен мрак, а за власта, пак, нема ништо спорно.
Реагираше и Здружение на новинарите на Македонија. Во нивното соопштение се наведува дека Здружението изразува сериозна загриженост за дел од содржината на предлог-законот.
„За нас е неспорна потребата да се регулира ова област меѓутоа одредени делови од предлог-законот може сериозно да ја загрозат слободата на медиумите“, се вели во соопштението.
Убедени сме дека правилно е постапено таа надлежност да биде во Министерството за надворешни работи имајќи предвиде дека ДКП-ата се под нивна надлежност и нивен ангажман на работа. И во делот на анкетите, следејќи ги внимателно дискусиите и нејаснотиите, мислам дека и тоа се надминува. Гледам дека пратениците доставиле и амандмани, кои веројатно, ќе бидат прифатливи и за нас.Блерим Беџети, министер за правда.
Министерот за правда Блерим Беџети вели дека ја следат дебатата околу законот и дека нејаснотиите, кои според него се од технички аспект, ќе се земат предвид да се допрецизираат одредени членови од Законот за внесување, растурање и ширење на странски печатени работи, филм и информативна дејност.
Како дел од нејаснотиите што произлегоа од првичниот текст се деловите во кои не е презизирано што е тоа „анкета“, зошто министерот да има дискреционо право да одредува кој ќе добие акредитација, а кој не, како и тоа дека министерот ако оцени дека некој не се придржува до прописите за информатива дејност може да му ја одземе дозволата на дописникот. Спорен е делот за тоа колку време може некој да биде дописник.
„Убедени сме дека правилно е постапено таа надлежност да биде во Министерството за надворешни работи имајќи предвиде дека ДКП-ата се под нивна надлежност и нивен ангажман на работа. И во делот на анкетите, следејќи ги внимателно дискусиите и нејаснотиите, мислам дека и тоа се надминува. Гледам дека пратениците доставиле и амандмани, кои веројатно, ќе бидат прифатливи и за нас“, вели
Тоа што го читав, а сметам дека можеби треба некое прецизирање е правењето на анкети. Мислам дека тука има разлика помеѓу она што е правење на анкета на репрезентативен примерок од преку илјада испитаници, за кои најнадлежни се Агенциите за правење на анкети, а не новинарите, и тоа треба да се разграничи од она што е дневно консултирање или земање на мислење на неколку сограѓани за одреден став во врска со каков и да е економски, политички, културен или спортски настан.Јасмина Миронски, новинар.