Достапни линкови

Последна почит за првиот претседател


Последна почест за Киро Глигоров
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:57 0:00

Граѓаните му изразуваат последна чест на првиот македонски претседател Киро Глигоров. Книги на жалост се отворени во претседателската вила „Водно“ и во седиштето на СДСМ во Скопје. РСЕ 03.01.2011

Првиот претседател на самостојна Македонија Киро Глигоров беше погребан во кругот на потесното семејство. Во Собранието и во седиштето на СДСМ се одржаа Комеморативни седници. Државниот врв и граѓаните му оддадоа последна почит на Глигоров.

Киро Глигоров, првиот претседател на самостојна Македонија беше погребан денеска во Алејата на Великаните на градските гробишта во Бутел во кругот на најтесното семејство. Владата го прогласи денешниот ден за ден на жалост во чест на Глигоров.

Киро Глигоров доживеа да ја види Македонија како стабилна и напредна држава, меѓународно признаена и препознаена. Но она за што ние и идните генерации ќе бидеме благодарни е секако неговата улога во стекнувањето на независноста и етаблирањето на Македонија во меѓународната заедница.
Ѓорге Иванов, претседател на Македонија.

Глигоров почина завчера на 94-годишна возраст во неговиот дом, а семејството ја испочитува неговата желба да не биде погребан со највисоки државни и воени почести.

Поранешниот дипломат Нано Ружин вели дека во досегашната историја повеќе важни личности во својот аманет оставиле дека сакаат да бидат погребани во најтесниот круг на семејството и нивната желба треба да се почитува. Но според Ружин, бидејќи Глигоров во земјава и надвор уживаше голем респект, има и други начини како да му се одаде признание за неговото дело.

„Постојат начини да се ефектуира или преку запишување во книгата на жалоста или на некое место за кое граѓаните, народот смета дека е битно во неговиот живот, да се дојде на тоа место и да се изрази сочуство до семејството и да му се
Премиерот Никола Груевски се потпишува во книгата на жалоста за смртта на Киро Глигоров
Премиерот Никола Груевски се потпишува во книгата на жалоста за смртта на Киро Глигоров
одаде почит или пак од една дистанца народот да биде присутен.“

По повод смртта на Глигоров се одржаа комеморативни седници во седиштето на СДСМ и во Собранието. На Бихаќка е отворена и книга на жалост во која ќе можат да се потпишат сите граѓани.

Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски вели дека Глигоров бил сам за себе историја што чекори. Како никој друг со својата личност и придонес ги поврза двата столба на соверемената македонска
Претседателот Глигоров беше човек со визија за иднината на Македонија. Тој прв и тоа во периодот кога сите околу нас беа зафатени со национализам и војуваа заради историја и граници, ја промовираше и ја застапуваше идејата за наше интегрирање во Европската унија и НАТО Алијансата.
Бранко Црвенковски, лидер на СДСМ.

државност - АСНОМ и осaмостојувањето.

„Република Македoнија под лидерство на Киро Глигоров се избори за својата независност и меѓународно признавање без војна и крвопролевање, единствена од сите републики на поранешна Југославија. Само ова е доволно да се стане мит, да се стане легенда.“

Црвенковски додава дека врз Глигоров биле упатувани критики и навреди за важните одлуки кои ги донесувал како приемот на Македонија во Обединетите нации под привременета референца и потпишувањето на Времената спогодба со Грција. Според него, Глигоров бил храбар човек затоа што донесувал тешки одлуки и не верувал дека постои сериозен проблем кој морал да се реши со сила.

„Претседателот Глигоров беше човек со визија за иднината на Македонија. Тој прв и тоа во периодот кога сите околу нас беа зафатени со национализам и војуваа заради историја и граници, ја промовираше и ја застапуваше идејата за наше интегрирање во Европската унија и НАТО Алијансата.“
Претседателот Ѓорѓе Иванов во Собранието одржа говор за достигнувањата на Глигоров додека ја извршувал функцијата и значењето кое го има за земјата. Иванов вели дека како прв претседател на независна и суверена Република Македонија Глигоров ја имаше историската улога да биде на чело на државата во времето кога беше негирана, блокирана и игнорирана и внимателно и трпеливо го пробиваше патот кон меѓународното признавање на нашата земја. Тој беше човек кој успешно и мудро ја водеше државата во немирини времиња.

„Киро Глигоров доживеа да ја види Македонија како стабилна и напредна држава, меѓународно признаена и препознаена. Голема е неговата служба за интересите на Република Македонија и македонскиот народ. Но она за што ние и идните генерации ќе бидеме благодарни е секако неговата улога во стекнувањето на независноста и етаблирањето на Македонија во меѓународната зедница.“

Не престануваат да пристигнуваат и телеграми со сочуство. Албанскиот премиер Сали Бериша напиша дека смртта на Глигоров е голема загуба за Македонија и за нејзините пријатели во регионот и светот. Како основач на независна Македонија и прв претседател избран на демократски начин Киро Глигоров даде драгоцен придонес во мирот и стабилноста на Македонија и јужниот дел на Балканот, како и во регионалната соработка.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG