Достапни линкови

Пролог


м-р Кренар Лога
Претседател на Демократската Младина на Албанците (ДМА-ДПА)
м-р Кренар Лога Претседател на Демократската Младина на Албанците (ДМА-ДПА)

Несфатливо е кога слушаш како Aлбанците и Mакедонците, млади или стари, се изразуваме културно во индивидуалната комуникација едни со други, а се одбиваме во заедница, пишува Кренар Лога од ДПА за Радио Слободна Европа

Јавната комуникација ни дава предност во пренесување на своите мисли и идеи кон поширокиот аудиториум, им го дава на луѓето тој скапоцен камен за да го исполнуват до некаде мозаикот за тебе, од интелектуален, политички и човечки аспект.
Го прифатив предизвикот за пишување во еден престижен медиум, разбирливо со директно влијание во нашата средина,
- прво, е личен предизвик, останува личен затоа што прв пат и се обраќам на јавноста со колумни, што значи дека на периодичен начин ќе бидат информирани со мојот став за одредени проблеми, што ги засегаат младите и не само нив, комуникација- која е многу ограничена и условена од медиумскиот простор во нашата земја,
- второ, тоа е и институционален предизвик, затоа што одговорноста да се биде претседател на младинскиот форум на еден политички субјект, во овој случај на ДПА не само што ми дава можност за осудување на сите недостатоци што се последица на еден пореметен демократски систем во Македонија заедно со социјалнита поделба, но од друга страна и авантажот за предлагање на решенија за проблемите кои се случват, или најмалку времено сигнализацирање на истите појави кои би биле мрачни за нашето општество, -трето, и најголемиот предивик е дека ке треба да пишувам на македонски јазик, да се обракам на еден аудиториум (македонски) кој многу малку или воопшто не ме познава, како резултат од ,,етничкото делување,, на политичките партии во Македонија.
Останува неразбирливо и целосно апсурдно што не постигнуваме да се запознаеме едни со други, иако живееме под ист чадор на државост (за дискутирање) и помалку социјалност, синдромот на одбивање на заедничките општества, е производ на еден политички егоцентризам што државата и власта на Македонија го потхранува уште од полоши времиња, без да му го спомнам ни името за да не ја допреме историјата што толку ни е за срце.


Посакувам за темите што ќе ги третираме понатаму да отворат дебата на спротивности, на аргументација и против аргументација околу одредени ставови и идеи. Останува неразбирливо и целосно апсурдно што не постигнуваме да се запознаеме едни со други, иако живееме под ист чадор на државост (за дискутирање) и помалку социјалност, синдромот на одбивање на заедничките општества, е производ на еден политички егоцентризам што државата и власта на Македонија го потхранува уште од полоши времиња, без да му го спомнам ни името за да не ја допреме историјата што толку ни е за срце.

Несфатливо е кога слушаш како албанците и македонците, млади или стари, се изразувааме културно во индивидуалната комуникација едни со други а се одбивааме во заедница, кога го истакнувам ова не претендирам да спомнам нешто кое не е кажано, туку моето лично искуство бидејки моето едуцирање и вработување ме носеше да живеам во триаголник Струга, Тетово, Скопје ненамерно ми даде и зеде во различни периоди, разбирањето еден кон друг, предрасудениот или спротвното, моќниот и потиснатиот, и многу повеке навредуваниот и повредуваниот, секогаш не од аспект на млад и стар туку од смисла албанец и македонец.

Ова пишување како ново искуство, ќе претера доколку како почеток го третира она за кое што најмногу молчиме отколку зборуваме во Македонија. Како политичка партија во опозиција постигнуваме со многу напор да ги поставиме на дневен ред тие теми што навистина претставуваат реален проблем за нашето општество, ние суштински се залагаме за залечување на раните на албанците и сеопфатната дискриминација кон нив, на државниот корумпиран систем, на енормната невработеност, пролонгираниот проблем со името, на незачленувањето на државата во НАТО и ЕУ, на неспремноста и немањето перспектива на една елита со која Бог не осудил да ја имаме во власта...
Ние како политичка партија односно како младински форум, сме имале и ќе имаме и понатаму ум и срце за да ги слушаме овие проблеми, да ги дискутираме нив, да дадеме алтернативи, но ние немаме илузија дека го поседуваме магичниот стап, затоа само со силата на мандатите ќе ни овозможи на спомнатите проблеми да им дадеме решение.
Ние сме изразиле резистенција и кохезија кон нашите гласачи, кон тие илјадници млади што со страст и политичка волја покажале вештини за подржување на една опција која се базира на слобода, еднаквост и демократија.
Нека бидат овие малку зборови кажани како пролог (вовед) на оние теми кои понатаму ќе ги третирам, но со посебен акцент на проблемите на младите, дискриминацијата, високата невработеност, регионалниот пазар, квалитетот на образованието, спортот и културата, јавните политики поврзани со нив, како и многу теми кои не соединуваат и разделуваат во нашите проблеми.

м-р Кренар Лога
Претседател на Демократската Младина на Албанците (ДМА-ДПА)
XS
SM
MD
LG