Веројатно забележавте, почитувани, Радио Слободна Европа, редакцијата на македонски јазик, воведе нова рубрика: Младинска он-лајн колумна, во која со свои мислења и размислувања ќе се јавуваат раководителите на партиските подмладоци. Да разбереме, впрочем, што мислат и тие млади за темите од секојдневното живеење, или пак се само епигони на своите повозрасни сопартијци. За почеток, за нашево радио текстови испратија Дарко Давитковски, претседател на Социјалдемократската младина и Диме Спасов, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
И, очигледно, според вашите коментари, оваа рубрика ќе биде интересна: Студент од Скопје пишува дека не е партиски определен, но со коментарот се надоврзува на констатацијата на Давитковски дека како што сега студентот е замолчен, притиснат и манипулиран - не бил никогаш. Студенстски кредити нема, стипендии ушта помалку, а што е најлошо, не смеам да се бунам затоа што ќе го изгубам местото во студентскиот дом. Молчи и трпи, коментира резигнирано Студентот.
За текстот на Спасов од Унијата на млади сили до сега има само еден коментар од Миле и Мики кои пишуваат: Се извинуваме, ама да не сте погрешиле нешто? Дечково пишува како да е од Сојузот на комунисти, успеси та успеси - лелеее! - извикуваат на крајот.
Инаку, најкоментиран текст е оној со наслов: „Ни под ’ФИРОМ‘ во НАТО“, а слушателите потпишани со Стеван Трајкоски, Ѓорѓе од Охрид, Јанакиев Никола од Перт, Австралија, Чудило, Коле и други, најмногу забелешки имаат на ставовите на поранешниот амбасадор во НАТО, Нано Ружин, за кого сметаат дека не ги познавал работите и дека со своите ставови всушност и' помагал на Грција.
Во своите коментари, почитувани, реагирате и на предлог законот за измени на законот за работни односи, па Орце од град Николов со иронија пишува дека некој се зафркавал со народот кога во Уставот напишал дека сме социјална држава. Наместо да ни ги зголемуваат правата, тие ни ги кратат. Срамота!
Перо од Валандово исто така се противи на предлозите со кои се намалува периодот во кој стечаен работник ќе добива помош од државата, па забележува: Не коментирајте што направил СДСМ, зашто тој ништо не направи и ги изгуби изборите, а овие, вели, добија и сега газат врз работничките права. Од друга страна, Мери од Кавадарци смета дека е претерано, како досега државата пет години да му плаќа на вработениот кој поради стечај на фирмата останал без работа.
На текстот за состојбите во здравството, има интересна порака од Специјализант на една од скопските клиники кој пишува дека само врски требаат за да се вработиш на клиниките и дека многу од до сега вработените лекари не заслужувале ниту да завршат медицина, а камоли да работат како лекари.
Не коментирајте што направил СДСМ, зашто тој ништо не направи и ги изгуби изборите, а овие, вели, добија и сега газат врз работничките права.Коментар од читател.