Во духот на силна охрабреност од хашката пресуда и со успокојувачки пораки до македонските граѓани, преседателот Иванов голем дел од годишното обраќање пред пратениците во парламентот посвети на евроинтеграциите, најавувајќи, како што рече, идеална можност за историски исчекор. Повикувајќи се на, како што ја нарече, големата дипломатска и правна победа во Хаг, тој побара од меѓународната заедница посилен ангажман за надминување на статус квото на полето на интеграциите.
„Но, пресудата е најсилниот можен правен аргумент кој воопшто постои во денешниот развој на меѓународно-правниот поредок. Затоа, обврска и одговорност на сите е почитување на меѓународното право како основа на меѓународниот поредок. Од таму, обврска и одговорност на меѓународната заедница е сега да преземеме сè што е потребно за да се помести status quo состојбата во однос на интеграциите на Република Македонија. Верувам дека на следниот Европски совет, на следниот Самит на НАТО, доколку се покаже лидерство, храброст и визионерство, status quo состојбата во интеграциите може да се помести“, рече претседателот Иванов.
Toj рече дека нема други можности за надминување на спорот со Грција освен почитување на Времената спогодба и го повика јужниот сосед на поголема подготвеност и волја за изаоѓање решение.
„Сакам да пратам една порака до нашиот сосед. Република Македонија е реалност. Оваа реалност постоела, постои и ќе постои. За прашањата како што се нашите врвни вредности – идентитетот, јазикот, културата и уставот, воопшто, не сакаме и нема потреба да разговараме“, рече Иванов.
Во иднина нема да прифатам извештај во којшто македонскиот јазик и идентитет не се почитуваат, порача Иванов, а на граѓаните им вети успешна европска и евроатлантска иднина. По долгиот период на нестабилност и поделби ни претстои сплотеност и консолидација, порача Иванов пред пратениците.
„Тука сум, секогаш подготвен да помогнам во која било политичка препрека, да го олеснам дијалогот, но повторувам, храмот на демократијата е овој дом, Парламентот, и тука треба да се водат сите политички дебати.“
Владејачката партија го оцени говорот како емотивен и произлезен од стремежите на граѓаните и дека дава можност за обединување на сите околу државните и стратешките интереси.
„Како натпартиски кандидат и Претседател на републиката сметам дека сосема е оправдана и на место неговата изјава дека за него постои само една партија, а тоа е Република Македонија“, изјави Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата го оцени говорот како гола и празна реторика, зачинета со популизам и лажна цврстина. Вилата на Водно нема контакт со она што навистина се случува со Македонија и нејзините граѓани, изјавија од најголемата опозицикса партија.
„Господинот Иванов ни раскажа дека зборувал за ЕУ, НАТО, енергетиката и инвестициите, ама не кажа колку земји успеал да убеди да не поддржат на евроатлантскиот пат“, изјави Јани Макрадули од СДСМ.
Говорот го бојкотираше опозициската ДПА поради тоа што како што образложија тој не бил легитимно одбран од страна на сите Албанци туку само од партијата во власта.
Сакам да пратам една порака до нашиот сосед. Република Македонија е реалност. Оваа реалност постоела, постои и ќе постои. За прашањата како што се нашите врвни вредности – идентитетот, јазикот, културата и уставот, воопшто, не сакаме и нема потреба да разговараме.Ѓорге Иванов, претседател на Македонија.
„Но, пресудата е најсилниот можен правен аргумент кој воопшто постои во денешниот развој на меѓународно-правниот поредок. Затоа, обврска и одговорност на сите е почитување на меѓународното право како основа на меѓународниот поредок. Од таму, обврска и одговорност на меѓународната заедница е сега да преземеме сè што е потребно за да се помести status quo состојбата во однос на интеграциите на Република Македонија. Верувам дека на следниот Европски совет, на следниот Самит на НАТО, доколку се покаже лидерство, храброст и визионерство, status quo состојбата во интеграциите може да се помести“, рече претседателот Иванов.
Toj рече дека нема други можности за надминување на спорот со Грција освен почитување на Времената спогодба и го повика јужниот сосед на поголема подготвеност и волја за изаоѓање решение.
Како натпартиски кандидат и Претседател на републиката сметам дека сосема е оправдана и на место неговата изјава дека за него постои само една партија, а тоа е Република Македонија.Антонио Милошоски, ВМРО-ДПМНЕ.
„Сакам да пратам една порака до нашиот сосед. Република Македонија е реалност. Оваа реалност постоела, постои и ќе постои. За прашањата како што се нашите врвни вредности – идентитетот, јазикот, културата и уставот, воопшто, не сакаме и нема потреба да разговараме“, рече Иванов.
Во иднина нема да прифатам извештај во којшто македонскиот јазик и идентитет не се почитуваат, порача Иванов, а на граѓаните им вети успешна европска и евроатлантска иднина. По долгиот период на нестабилност и поделби ни претстои сплотеност и консолидација, порача Иванов пред пратениците.
„Тука сум, секогаш подготвен да помогнам во која било политичка препрека, да го олеснам дијалогот, но повторувам, храмот на демократијата е овој дом, Парламентот, и тука треба да се водат сите политички дебати.“
Господинот Иванов ни раскажа дека зборувал за ЕУ, НАТО, енергетиката и инвестициите, ама не кажа колку земји успеал да убеди да не поддржат на евроатлантскиот пат.Јани Макрадули, СДСМ.