Неколку куќи со едвај 20 мештани се радуваат и со најубави желби на родителите им го честитаат раѓањето на синчето Андреј, гордоста на семејството Трајкоски.
„Големо е задоволството, на 38 години да заживее селово малку, еве Господ ми даде едно синче, в година ќерка или братче..имаме помош од сестра ми и зет ми, од постарите, толку многу сум среќен“, вели таткото Митре Трајкоски.
Пресреќна е и неговата сопруга Ангелина. Таа вели дека по раѓањето на синчето, животот им е многу убав, зашто целото внимание му го посветуваат нему. Иако животот во Беловодица не им е лесен, сега Трајкоски се преокупирани и полни со љубов за малиот Андреј.
„Тешко малку што нема превоз, но добро е сега со детето, таткото оди на работа, ама да, да многу помага, се. Заедно ќе го гледаме и чуваме, синчето“, вели мајката Ангелина, која е од Албанија и одлучила овде во Беловодица да основа свое семејство.
Како поддршка за одгледување на малиот Андреј и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески од името на Општината на семејството му предаде пригодни подароци.
„За Андреј едно мече, алишта и секако еден чек од 10.000 денари. Со ова сакаме да дадеме еден импулс, со цел подобрување на наталитетот во Општина Прилеп и дека тоа е добро кога се случува и во населените места. Еве Андреј и примерот на семејството Трајкоски нека биде пример ова село повторно да заживее онака како што било пред 30 -40 години“, изјави градоначалникот Ристески, при посетата на семејството.
Во Беловодица нема веќе млади луѓе. Освен родителите на новороденото бепче Андреј, единствен млад жител е неговиот чичко.
„Нема млади во селото, уште брат ми, а жители има некаде околу 15 до 20“, забалежува Митре.
За да се врати животот во селото неопходно е да се решат уште многу инфраструктурни проблеми. Во секој случај направен е првиот голем чекор. Бебето Андреј и неговите родители остануваат да живеат во ова село.
Големо е задоволството, на 38 години да заживее селово малку, еве Господ ми даде едно синче, в година ќерка или братче.Митре Трајкоски, татко на бебето.
„Големо е задоволството, на 38 години да заживее селово малку, еве Господ ми даде едно синче, в година ќерка или братче..имаме помош од сестра ми и зет ми, од постарите, толку многу сум среќен“, вели таткото Митре Трајкоски.
Пресреќна е и неговата сопруга Ангелина. Таа вели дека по раѓањето на синчето, животот им е многу убав, зашто целото внимание му го посветуваат нему. Иако животот во Беловодица не им е лесен, сега Трајкоски се преокупирани и полни со љубов за малиот Андреј.
„Тешко малку што нема превоз, но добро е сега со детето, таткото оди на работа, ама да, да многу помага, се. Заедно ќе го гледаме и чуваме, синчето“, вели мајката Ангелина, која е од Албанија и одлучила овде во Беловодица да основа свое семејство.
Како поддршка за одгледување на малиот Андреј и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески од името на Општината на семејството му предаде пригодни подароци.
Еве Андреј и примерот на семејството Трајкоски нека биде пример ова село повторно да заживее онака како што било пред 30 -40 години.Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.