По посочувањата на дел од редовите на Исламската верска заедница, дека во скопската општина Гази Баба има „одметнати“ џамии, ја посетивме Хатунџек, една од џамиите за кои ни рекоа дека е под контрола на вахабисти. Подоцна поглаварот на ИВЗ во изјавата за Радио Слободна Европа, негираше дека сега имаат одметнати џамии, но сепак отидовме да провериме.
Почекавме да заврши пладневната молитва. Во џамијата не го најдовме ниту Имамот ниту Хатибот, односно свештените лица, но затоа, пак, поразговаравме со верниците кои се молеа во џамијата. Фатмир Ковачи е само еден од муслиманските верници, за кој луѓето, судејќи по надворешниот изглед, односно по кратко потстрижаната коса и долгата брада, лесно го поврзуваат со вахабизмот. На тоа се уверививме и во разговорот со него кога ни пријде еден човек барајќи од него објаснување зошто воведуваат промени во џамијата.
„Ја узурпирате, ја одземате џамијата.”
„Ни кажуваат дека некои џамии не се под контрола.”
Ситуацијата ја смири, служителот во џамијата.
Стариот човек кој бараше објаснувања од Ковачи, набргу го напушти дворот на џамијата, па Ковачи го прашавме како се чуствува кога луѓето го етикетираат.
„Мене ми е сосема нормално тоа, затоа што луѓето, обичниот граѓанин, верник муслиман не е многу запознаен со верата од академски аспект, доколку некој ја практикува верата на поинаков начин тоа е нешто срамно. Токму овој момент е злоупотребен од некого.”
Само по себе во разговорот се наметна и прашањето зошто некој има интерес да злоупотребува и да создава страв за луѓето кои поинаку се однесуваат и ги практикуваат своите верувања.
„Навидум е идеолошка причината, меѓутоа секоја идеолошка разлика може да се надмине доколку се има волја, меѓутоа очигледно дека некој не сака тие разлики да бидат надминати.“
Ковачи вели дека повеќето муслимански верници во Македонија се традиционални.
„Нив им пречи. Мојата брада им пречи, а токму тој треба да носи брада затоа што тој е постар човек. Не боде очи општетството, можеби не е ниту активен, а јас сум активен и покрај тоа што знам дека и вам ви бодам очи, јас сепак ја носам оваа брада затоа што верувам дека треба да ја носам, како што секој христијанин би требало да носи брада, затоа што Исус носел брада.“
Нашиот соговорник, кој е доктор стоматолог, а има и приватен бизнис, себе си се дефинира како верник кој сака да црпи од изворното. Како интелектуалец, вели дека не се ограничува, и дека се информира и за другите религии и писанија за нив, и е свесен дека луѓето се плашат од поинаквото практикување на религијата. Но, додава дека не сака да биде етикетиран како радикален верник.
„Најлесно е да етикетираш некој по надворешниот изглед, или пак по начинот на кој што тој во овој случај ја извршува молитвата. И еве го, готово овој е. Но, ме прашал ли некој дали сум вахабист.“
„Не сум, па што е тоа вахабист? Тоа е движење пред 300 години. Ако некој во име на исламот прави нешто тоа е негов проблем слободно него интервјуирајте го мене, а не мене.”
Ковачи вели дека во Македонија од политички аспект нема вахабисти, и дека тој термин е само за политички цели, и оти го употребуваат само оние кои се плашат од промени.

Што е тоа ново?

Мене ми е сосема нормално тоа, затоа што луѓето, обичниот граѓанин, верник муслиман не е многу запознаен со верата од академски аспект, доколку некој ја практикува верата на поинаков начин тоа е нешто срамно. Токму овој момент е злоупотребен од некого.Фатмир Ковачи
Само по себе во разговорот се наметна и прашањето зошто некој има интерес да злоупотребува и да создава страв за луѓето кои поинаку се однесуваат и ги практикуваат своите верувања.
„Навидум е идеолошка причината, меѓутоа секоја идеолошка разлика може да се надмине доколку се има волја, меѓутоа очигледно дека некој не сака тие разлики да бидат надминати.“
Ковачи вели дека повеќето муслимански верници во Македонија се традиционални.
„Нив им пречи. Мојата брада им пречи, а токму тој треба да носи брада затоа што тој е постар човек. Не боде очи општетството, можеби не е ниту активен, а јас сум активен и покрај тоа што знам дека и вам ви бодам очи, јас сепак ја носам оваа брада затоа што верувам дека треба да ја носам, како што секој христијанин би требало да носи брада, затоа што Исус носел брада.“
Нашиот соговорник, кој е доктор стоматолог, а има и приватен бизнис, себе си се дефинира како верник кој сака да црпи од изворното. Како интелектуалец, вели дека не се ограничува, и дека се информира и за другите религии и писанија за нив, и е свесен дека луѓето се плашат од поинаквото практикување на религијата. Но, додава дека не сака да биде етикетиран како радикален верник.
„Најлесно е да етикетираш некој по надворешниот изглед, или пак по начинот на кој што тој во овој случај ја извршува молитвата. И еве го, готово овој е. Но, ме прашал ли некој дали сум вахабист.“
РСЕ: Дали сте?