Достапни линкови

Исечени липите во Охрид


Исечени липите на улицата „Димитар Влахов“ во Охрид
Исечени липите на улицата „Димитар Влахов“ во Охрид

Поради нарушувањето на инфраструктурата како и опасноста по безбедноста на граѓаните заради трулите стебла, липите во центарот на Охрид се исечени.

Липите во центарот на Охрид се вистинска опасност за граѓаните, нивното корнење е линч рамен на егзодус што го менува ликот на градот, тие се стари дрвја, што ги држи само кората, внатре гнили, па нивното заменување со нови беше неопходно, но како да се сфати зафатот кога на градот му треба кислород, а се сечат неговите бели дробови. Ова се само дел од коментарите во Охридската јавност, реакција на сечењето на
90 проценти од исечените липи, покажаа дека нивните стебла или се трули или се нападнати веќе од паразити, што значи дека при посилни ветрови, или обилни врнежи од снег, можат да нанесат огромни штети на имотот на граѓаните, а пред на животите на Охриѓани
Сашо Аљче, директор на ЈП "Охридски комуналец"

липите на улицата „Димитар Влахов“, една од централните улици што ја поврзува Охридската гимназија со општината и чаршијата.

„Дрворедите од липите во Охрид се потенцијална бомба. Не само што тие влијаат врз појавата на алергии кај граѓаните, туку 90 проценти од исечените липи, покажаа дека нивните стебла или се трули или се нападнати веќе од паразити, што значи дека при посилни ветрови, или обилни врнежи од снег, можат да нанесат огромни штети на имотот на граѓанати, а пред се на животите на охриѓани“,
вели Сашо Аљче, директор на јавното претпријатие "Охридски комуналец". Претпирајтието заедно со општината ја спроведува реконструкцијата на дрворедот со липи, каде 80 нови садници на дрвја од калемената сорта „лигуструм јапоникум“ наскоро ќе изникнат на местото на старите 53 липи, кои правеа низа проблеми.

„Липите формираат голема коренова маса, која прави проблеми на тротоарите, што ги наткрева тротоарите и го оневозможува нормалното движење на пешаците. Исто така таа голема коренова маса прави проблем и на подземната инфраструктура, односно на канализациската, водоводната и другата мрежа којашто се наоѓа во близина на самите корења. Проблем беше и големината на дрвјата, затоа што имаат голема крошна со лисја, која претставуваше проблем за градското осветлување, а ги покриваше и сообраќајните знаци на улицата. Новите садници од лигуструм јапоникум се широколистен вид, кој е и зимзелен, лисјата не му паѓаат, не формира голема коренова маса. До самиот ивичник на
коловозот, ќе ставиме жардињери, каде ќе посадиме жива ограда, а ќе поставиме клупи за одмор и канти за отпад“,вели Вера Рауник, од одделението за заштита на животната средина во локалната самоуправа.

„Јас се залагам да се води сметка, дури и во домовите и во приватните куќи, не смее да се сечат дрвја без дозвола. Треба да се поведе малку повеќе сметка за зеленилото, бидејќи знам дека во Охрид, фалат уште зелени површини, недостасуваат многу дрвја.“

Оваа улица ја сакав токму заради липите, кои многу ќе ми недостасуваат, но ако има оправданост за нивното сечење и замена, тогаш ќе видиме што ќе покаже времето
Жител на Охрид

„Оваа улица ја сакав токму заради липите, кои многу ќе ми недостасуваат, но ако има оправданост за нивното сечење и замена, тогаш ќе видиме што ќе покаже времето“,велат екологистите и жителите на Охрид, кои учествуваа во јавната расправа за сечењето на липите.

И додека социјалните интернет мрежи и медиумите се преплавени со информации и осуди за сечењето на полувековните охридски липи, стручњаците потсетуваат дека и дрвјата имаат свој век, па наместо нив да ги паметиме по убавата арома, сенките, но и по лепливите вошки и трулиот мирис, доаѓа време за нивна замена со нов дрворед, кој целосно ќе се оформи за две до три години, а слични реконструкции општината најавува и на другите главни улици низ Охрид.
XS
SM
MD
LG