Најобјавувани содржини во домашните медиуми во изминатата недела се протестните писма од разни институции во врска со негирањето на придавката „македонски“ во најновиот извештај на Европската комисија. И, се разбира, средбата на министерот за надворешни, Попоски со Штефан Филе.
„МПЦ до Филе: Брисел застана против фактите“ и „Долги писма од сите страни до Брисел“ - насловува Утрински.
„Протест од македонските писатели и ректори - бришењето на идентитетот е мрачна визија“ - објавува Дневник.
„Филе под епистоларна опсада“ - гласи насловот во Нова Македонија.
Додека Утрински, јавувајќи за средбата Попоски-Филе пишува дека еврокомесарот ги повторил забелешките од извештајот за судсатвото, медиумите и за нараснатата корупција, Дневник од свои извори наведува дека Попоски остро му забележал на Филе за неупотребата на придавката „македонски“, а дека еврокомесарот му возвратил дека таа практика била наследена и дека ги отфрлаат сите шпекулации и обвинувања дека Комисијата го менува пристапот околу името на Македонија.
Инаку европскиот извештај пристигна и на дебата во Собранието:
Утрински, информацијата ја насловува со „Гебелс и клети комесари во Парламентот“, алудирајќи на „комплиментите“ што меѓусебно си ги делеа пратениците од владејачката партија и од опозицијата, цитирајќи ја Шеќеринска дека политиката на премиерот е дупла нула - ни име ни членство во ЕУ.
Вечер известува дека македонските пратеници се во филмот на „Снежана и седумте џуџиња“, информирајќи дека Шеќеринска го поистоветила однесувањето на премиерот околу Извештајот со делови од таа приказна и дека побарала формирање кризен штаб. Вечер го цитира Милошоски кој и одговорил дека кризен штаб му требал на СДСМ и дека Македонија три години по ред добива препорака за почеток на преговори со ЕУ.
Утрински и Нова Македонија ги забележуваат партиските поделби околу државните празници. Првиот, насловувајќи дека целиот државен врв го славеше денот на ВМРО, алудирајќи на присвојување на празникот за партиски цели, а вториот весник токму со насловот: „Партиски инаетења за државниот празник“.
Утрински реагира на несоочувањето на заштитениот сведок со одбраната на Бошкоски, а Вечер, од свои извори објавува, ден пред другите медиуми, дека Управата за јавни приходи одлучила дека Медиа Принт Македонија работела законски и дека истрагата за случајот „Пари во шише“ е затворена.

Гебелс и клети комесари во Парламентот.Утрински весник.