Достапни линкови

Вода за нафта?


Претседателот Ѓорге Иванов и Емирот од Катар, Шеик Хамад Бин Калифа Ал Тани.
Претседателот Ѓорге Иванов и Емирот од Катар, Шеик Хамад Бин Калифа Ал Тани.

Катарската делегација покажала интерес за македонската вода, додека Македонија има интерес за катарската нафта.

Катарската делегација е заинтересирана за македонската вода, додека Македонија ја интересира катарската нафта, вели претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија, Мендерес Кучи, кој присуствуваше на свечената вечера во чест на емирот од Катар во хотелот
Тие повеќе се заинтересирани за нашата вода, а обратно ние од нив бараме нафта. Во тој правец се одвиваше дискусијата, посебно вчера вечер кога бевме на вечера заедно.
Мендерес Кучи, Стопанска комора на северозападна Македонија.
„Александар палас“.

„Тие повеќе се заинтересирани за нашата вода, а обратно ние од нив бараме нафта. Во тој правец се одвиваше дискусијата, посебно вчеравечер кога бевме на вечера заедно.“

РСЕ: На кој начин се заинтересирани за вода, сакаат извори под концесија, увоз на минерална или...?

„Нормално ги интересира континуитетот, тоа е нешто што континуирано сакаат да го имаат, значи тогаш станува збор за концесија, а не за флаширана вода или нешто слично. Значи нешто што би го имале тие како извор.“

Сепак, Кучи вели дека не се разговарало за конкрети проекти:

„Конкретно нешто не видов ниту дека нашата влада е подготвена со конкретни проекти, затоа што меѓу нас зборуваме тет-а-тет и знаеме што конкретни проекти можеме да понудиме. Денеска ќе има конкретен проект од страна на градоначалникот Изет Меџити кој што ќе понуди конкретен проект за чаршијата, го има и ќе го понуди конкретниот проект за ревитализација на чаршијата. Меѓутоа веројатно допрва ќе се прават проекти.“​
Конкретно нешто не видов ниту дека нашата влада е подготвена со конкретни проекти, затоа што меѓу нас зборуваме тет-а-тет и знаеме што конкретни проекти можеме да понудиме.
Мендерес Кучи, Стопанска комора на северозападна Македонија.

Македонската и катарската делегација вчера во претседателската „Вила Водно“ попишаа неколку билатерални договори од областа на културата, образованието, како и од економската сфера. На средбите, кај Претседателот, на кои присуствуваа и неколкумина македонски министри беше ставен акцент на развојот и унапредувањето на економските односи меѓу двете држави, односно зголемување на трговската размена, како и можноста за директни катарски инвестиции во македонското стопанство.
Претседателот Ѓорге Иванов го пречекува Емирот од Катар, Шеик Хамад Бин Калифа Ал Тани на скопскиот аеродром.
Претседателот Ѓорге Иванов го пречекува Емирот од Катар, Шеик Хамад Бин Калифа Ал Тани на скопскиот аеродром.

„Особено беа разгледани секторите енергетика, финансискиот сектор, туризмот, производството на храна и на вода. Беа разгледувани можностите за вклучување на градежната оператива на Република Македонија во претстојните крупни проекти планирани во Државата Катар. На средбата на Претседателот и Емирот беше договорено по посетата, тимови на владино ниво да ги разгледаат постојните проекти, а катарската страна најави дека освен постојните, сите предлози кои македонската страна ќе ги отвори ќе бидат сериозно разгледани“, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов.

Македонските стопански комори и Комората за трговија и индустрија на Катар вчера потпишаа договор за формирање заеднички бизнис совет. Со договорот, Сојузот на стопански комори на Македонија, Стопанска комора на Македонија и Комората на северозападна Македонија ги здружуваат бизнис силите со Комората за трговија и индустрија на Катар со цел промовирање на систематски бизнис активности во трговијата, инвестициите, трансфер на технологија, услуги и други индустриски сектори.

Емирот од Катар, Шеик Хамад бин Калифа Ал Тани, денеска ја продолжува официјалната посета на Македонија, со средби со премиерот Никола Груевски и претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. По средбите е предвидено разгледување на културно-историски знаменитости и посета на Старата скопска чаршија.

Емиерот на Катар престојува во Македонија на покана на претседателот Ѓорѓе Иванов, од кого беше одликуван со орден 8 Септември.

Со посетата на Македонија катарскиот шеик ја почна мини-европската турнеја. Ќе ги посети и Албанија, Полска и Украина.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG