Достапни линкови

Репортажите чинат пари


Италијанскиот премиер Силвио Берлускони му предложил на Груевски да се снимаат репортажи, преку кои италијанските бизнисмени ќе дознаат за можностите да се инвестира во Македонија
Италијанскиот премиер Силвио Берлускони му предложил на Груевски да се снимаат репортажи, преку кои италијанските бизнисмени ќе дознаат за можностите да се инвестира во Македонија

Нема штета од репортажи за промоција на Македонија како инвестициска дестинација, но прашањето е колку пари ќе се потрошат? .

Од репортажи за Македонија во италијанските медиуми не може да има штета, велат нашите соговорници Иво Лауренчиќ и Сашо Ордановски.
Сепак, се наметнува прашањето колку ќе чини еден таков проект, вели Ордановски.

Тоа на јазикот на Груевски значи дека ние сега ќе потрошиме неколку милиони евра за да ги привлечеме Италијанците како инвестори.
Сашо Ордановски, Транспарентност Македонија.
Премиерот Никола Груевски, за време на вчерашната посета на Италија, рече дека неговиот домаќин Силвио Берлускони му предложил да се снимаат репортажи, преку кои италијанските бизнисмени ќе дознаат за можностите да се инвестира во Македонија.

Трошењето пари за реклами долго време се мета на критики на дел од невладините организации и на опозицијата. Тие критикуваат дека Македонија троши премногу пари на маркетинг, а е на балканското дно според приливот на странски инвестиции.

Сашо Орданоски од Транспарентност Македонија вели дека од промоцијата земјава не може да има штета, но се плаши дека ова е уште еден изговор да се трошат народните пари на маркетинг.

„Тоа на јазикот на Груевски значи дека ние сега ќе потрошиме неколку милиони евра за да ги привлечеме Италијанците како инвестори. Јас не сум слушнал во светот сериозни инвеститори да доаѓаат како резултат на репортажи што ги гледаат по телевизии, но за се има прв пат па можеби некој сериозен инвеститор од Италија ќе дојде во Македонија и ќе вложи да речеме 50 милиони евра како резултат на тоа што гледал репортажа за Македонија.“

Преседателот и креативен директор на маркетинг агенцијата Идеа Плус, Иво Лауренчиќ, вели дека секоја промоција на земјава е драгоцена.

Сигурен сум дека Италијанците, кога ќе им кажеш Macedonia, помислуваат на овошна салата, зашто така се вика кај нив нели. Мислам дека секоја промоција е драгоцена, особено ако зад тоа стои италијанскиот премиер.
Иво Лауренчиќ, Идеа Плус
„Како што кошаркарите направија една навистина голема промоција за земјата, така мислам дека и овие други класични средства може да помогнат. Во секој случај, тоа не може да одмогне. Сигурен сум дека Италијанците, кога ќе им кажеш Macedonia, помислуваат на овошна салата, зашто така се вика кај нив нели. Тие не знаат многу за земјава, што е нормално, како што и нашите луѓе не знаат за некои мали земји во светот. Мислам дека секоја промоција е драгоцена, особено ако зад тоа стои италијанскиот премиер. Веројатно тој знае зошто го зборува тоа“, вели Лауренчиќ.

Македонија се рекламираше на Си-Ен-Ен, и како туристичка и како инвестициска дестинација. Во рамки на кампањата, телевизијата сними пет репортажи за Македонија кои ги емитуваше во рамките на емисијата Ај-лист. На неодамнешниот почеток на градбата на фабрика за кондензатори во индустриската зона Бунарџик, директорот на американската компанија Кемет електроникс рече дека се заинтересирал за инвестирање во земјава поради рекламите на Си-Ен-Ен.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG