Претставници од компанијата „Бресон“ од Република Чешка и претседателот на Североисточен плански регион градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски потпишале договор за изработка на физибилити студија, планска и тендерска документација за изградба на фабрика за согорување цврст отпад во Куманово. Чешката компанија „Бресон“ има 15 годишно искуство во реализација на слични проекти во Европа и нејзината обврска е да изработи студија во наредните два-три месеци.
Проектот ќе изнесува околу 50 милиони евра. Со тоа Североисточниот плански регион ќе го надмине повеќедеценискиот проблем со депонирање на цврст отпад, што ќе претставува голем чекор во зачувување на здрава еколошка средина. Ова иницијатива на градоначалникот Дамјановски уследила по неговата посета на Прага кога тој, како што раскажува:
„Видов дека тоа е една иснтересна приказна и дека таму еден голем процент, значи повеќе од 30-40 отсто од граѓаните се затоплуваат од таа топлана која произведува околу 7-8 мегавати струја во системот на Прага. Тоа им го пренесов на соработниците и на членовите на Советот кои дадоа согласност да се отпочне со студија.“
Студијата ќе чини 255 илјади евра, а 55 отсто од средствата ќе бидат донација од чешката Влада, односно од компанијата “Бресон’, која ќе се зафати со организација, со вклучување свои консултанти и експерти, а 45 отсто од средствата ќе ги обезбедат општините од Североисточниот плански регион.
„По завршување на студијата ќе оди јавно објавен повик за избор на оператор, изведувач и финансиер на оваа фабрика“, појаснува Дамјановски.
Карл Хаусшампер од команијата „Бресон“ од Прага вели:
„Имаме работено на повеќе слични проекти во повеќе европски градови како што се Прага, Рим, Брно, Кошице, Братислава и други... И сите овие фабрики за цврст отпад работат добро, согласно европските стандарди и закони, пред се за заштита на еколошката средина. Со тоа даваме можност оваа енергија од отпадот да се исползува на најдобар можен начин.“
Тој се надева дека и во Куманово ќе даде очекувани резултати. Зависно од учеството во проектот општините во регионот ќе имаат прилив на средства во буџетот од продажбата на електричната енергија, а ќе се отворат и нови работни места.
Проектот ќе функционира како јавно-приватно партнерство, за што има заинтересирани чешки инвеститори. Фабриката според најавите ќе биде лоцирана во приградската населба Доброшане, каде што се наоѓа и пречистителната станица на отпадните води.
И како што вели градоначалникот Дамјановски со овој историски потег на локалната смаоуправа ќе се надмине проблемот со складирање на цврст отпад во селото Пчиња, за што повеќе пати имаше реакции од тамошното население и од земјоделците.
Видов дека тоа е една иснтересна приказна и дека таму еден голем процент, значи повеќе од 30-40 отсто од граѓаните се затоплуваат од таа топлана која произведува околу 7-8 мегавати струја во системот на Прага.Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.
„Видов дека тоа е една иснтересна приказна и дека таму еден голем процент, значи повеќе од 30-40 отсто од граѓаните се затоплуваат од таа топлана која произведува околу 7-8 мегавати струја во системот на Прага. Тоа им го пренесов на соработниците и на членовите на Советот кои дадоа согласност да се отпочне со студија.“
Студијата ќе чини 255 илјади евра, а 55 отсто од средствата ќе бидат донација од чешката Влада, односно од компанијата “Бресон’, која ќе се зафати со организација, со вклучување свои консултанти и експерти, а 45 отсто од средствата ќе ги обезбедат општините од Североисточниот плански регион.
„По завршување на студијата ќе оди јавно објавен повик за избор на оператор, изведувач и финансиер на оваа фабрика“, појаснува Дамјановски.
Карл Хаусшампер од команијата „Бресон“ од Прага вели:
„Имаме работено на повеќе слични проекти во повеќе европски градови како што се Прага, Рим, Брно, Кошице, Братислава и други... И сите овие фабрики за цврст отпад работат добро, согласно европските стандарди и закони, пред се за заштита на еколошката средина. Со тоа даваме можност оваа енергија од отпадот да се исползува на најдобар можен начин.“
И сите овие фабрики за цврст отпад работат добро, согласно европските стандарди и закони, пред се за заштита на еколошката средина. Со тоа даваме можност оваа енергија од отпадот да се исползува на најдобар можен начин.Карл Хаусшампер, „Бресон“ од Прага.