Како резултат на македонско-словенечката соработка, билатерална и кон трети земји, која седум години се одвива преку словенечко-македонскиот бизнис клуб, каде членуваат над 130 фирми, низ државава кружи Бизнис карванот на кој се остваруваат средби, се разменуваат искуства и се презентираат производите и услугите каде има словенечки капитал и секторите каде има или може да има соработка на бизнис и пошироката заедница од двете земји, чие традиционално пријателство датира од времето на поранешна Југославија.
Досега најмногу словенечки инвестиции има во банкарскиот сектор, осигурувањето, телекомуникациите, енергетиката, фармацијата, прехранбената, машинската индустрија, државните универзитети, маркетингот и услужните дејности.
„Македонија има што да понуди, а ние треба да учиме од Словенија, зошто како што познато, тие се веќе во Европската Унија и тие ни се отскочна штица кон Европа. Но, Македонија во последно време многу станува актуелна, како отскочна позиција кон истокот, така што бизнисите во последно време доста и од Словенечките компании се ориентираат кон Русија, а во тој контекст ние сме тука на патот и актуелни сме во таа соработка“, вели Искра Јовановиќ од словенечко-македонскиот бизнис клуб каде освен малите и средни има и големи компании присутни во земјава.
„Тутунска банка е значи 10 години во групација на НЛБ. За тоа време од една интерна банка на тутунскиот бизнис, таа стана трета најголема банка во Македонија. Од 70 вработени во 2001 година и билансна сума од 90 милиони евра, денес сме 800 вработени и повеќе од милијарда евра, билансна сума. Како такви, важиме за најдобра банка во целата групација на "НЛБ", каде има 55 друштва банки и фруги финансиски друштва. Во иднина, банката планира да си остане еден од главните играчи во банкарскиот сектор во Македонија и стратегијата ни е таа“, вели Дамир Кудер од НЛБ Тутунска Банка, кој им препорачува на словенечките фирми да доаѓаат во Македонија, како атрактивна за инвестиции и трансфер на производство, како што е примерот со ЛТХ Леарницата во Охрид, купена во 2009 со 8 милиони евра словенечки капитал, каде од алуминиум под притисок се леат делови за автомобилската индрустрија, има 312 вработени, а целото производство се извезува во Франција, Германија, Полска и други eвропски и aзиски земји.
„Тука има голема бирократизација, како и некои други проблеми, како што е ненавременото враќање на ДДВ-то. Ќе напоменам дека ние компаниите кои работиме со 100 процентен извоз, имаме проблем во смисла на тоа што за се што купуваме на домашниот пазар, го враќаме ДДВ-то, затоа што имаме 100 одсто извоз. Секако ДДВ-то не се враќа на време, така што имаме заробени големи пари, во секој момент околу половина милион евра пари во државниот буџет. Но, надвор од тоа, моето лично и професионално мислење е дека се исплатува да се инвестира во Македонија, која има голем потенцијал за странски инвестиции“, вели Роберт Водушек, менаџер на ЛТХ Леарница, каде секоја година се инвестираат по 1 милион евра и до 2015-та со пораст на производството се очекува промет од 18 милиони евра годишно, според кого треба да се нудат подобри услови за странските инвеститори со поддршка од државата.
Словенија е втора по Австрија според инвестициите во Македонија и со голем процент присутна во извозот на нашиот пазар, за разлика од сеуште малиот македонски извоз во Словенија, од која многу можеме за користење на неповратните средства од европските фондови, пат што Словенија веќе го има поминато, а Македонија допрва треба да го изоди.
Македонија има што да понуди, а ние треба да учиме од Словенија, зошто како што познато, тие се веќе во Европската Унија и тие ни се отскочна штица кон Европа.Искра Јовановиќ од словенечко-македонскиот бизнис клуб.
Досега најмногу словенечки инвестиции има во банкарскиот сектор, осигурувањето, телекомуникациите, енергетиката, фармацијата, прехранбената, машинската индустрија, државните универзитети, маркетингот и услужните дејности.
„Македонија има што да понуди, а ние треба да учиме од Словенија, зошто како што познато, тие се веќе во Европската Унија и тие ни се отскочна штица кон Европа. Но, Македонија во последно време многу станува актуелна, како отскочна позиција кон истокот, така што бизнисите во последно време доста и од Словенечките компании се ориентираат кон Русија, а во тој контекст ние сме тука на патот и актуелни сме во таа соработка“, вели Искра Јовановиќ од словенечко-македонскиот бизнис клуб каде освен малите и средни има и големи компании присутни во земјава.
„Тутунска банка е значи 10 години во групација на НЛБ. За тоа време од една интерна банка на тутунскиот бизнис, таа стана трета најголема банка во Македонија. Од 70 вработени во 2001 година и билансна сума од 90 милиони евра, денес сме 800 вработени и повеќе од милијарда евра, билансна сума. Како такви, важиме за најдобра банка во целата групација на "НЛБ", каде има 55 друштва банки и фруги финансиски друштва. Во иднина, банката планира да си остане еден од главните играчи во банкарскиот сектор во Македонија и стратегијата ни е таа“, вели Дамир Кудер од НЛБ Тутунска Банка, кој им препорачува на словенечките фирми да доаѓаат во Македонија, како атрактивна за инвестиции и трансфер на производство, како што е примерот со ЛТХ Леарницата во Охрид, купена во 2009 со 8 милиони евра словенечки капитал, каде од алуминиум под притисок се леат делови за автомобилската индрустрија, има 312 вработени, а целото производство се извезува во Франција, Германија, Полска и други eвропски и aзиски земји.
ДДВ-то не се враќа на време, така што имаме заробени големи пари, во секој момент околу половина милион евра пари во државниот буџет. Но, надвор од тоа, моето лично и професионално мислење е дека се исплатува да се инвестира во МакедонијаРоберт Водушек, менаџер на "ЛТХ Леарница"