Достапни линкови

Мак-баскетот повторно актуелен


Кошаркарската репрезентација на Македонија го освои чевртото место на ЕП во Литванија.
Кошаркарската репрезентација на Македонија го освои чевртото место на ЕП во Литванија.

Историскиот успех во Литванија, ја направи кошарката спорт број еден во Македонија. Сега е моментот овој спорт да тргне напред, велат кошаркарските стручњаци.

Историскиот успех на Европското првенство во Литванија, каде го освоивме четвртото место, предизвика досега невидена еуфорија во македонската јавност и ја направи кошарката спорт број 1 кај нас. Тоа е најголемата придобивка за македонските кошаркарски работници, кои се едногласни дека сега е моментот овој спорт да тргне напред, особено што децата масовно се запишуваат во клупските и приватните кошаркарски школи.
Ова очекувам да биде еден нов момент, еден нов поттик за сите оние кои што се во можност, не да помагаат на кошарката, туку низ кошарката да најдат начин и место да се промовираат себе си, својата компанија, својата институција
Дејан Лекиќ, кошаркарска федерација на Македонија

Ова ветува светла иднина на мак - баскетот, но за тоа да стане и реалност, пред се, потребни се многу поголеми финансиски вложувања во клубовите. Затоа, од куќата на кошарката очекуваат помош од државата со донесување Закон кој ќе ги стимулира спонзорите да финансираат во спортот, бидејќи:
x

„Ова очекувам да биде еден нов момент, еден нов поттик за сите оние кои што се во можност, не да помагаат на кошарката, туку низ кошарката да најдат начин и место да се промовираат себе си, својата компанија, својата институција, затоа што кошарката е еден од многу малиот број спортови во оваа држава за жал, која што ја промовира државата меѓутоа и враќа многукратно сето она што е вложено“, изјави генералниот секретар на кошаркарската федерација Дејан Лекиќ.
Главното е да се обезбедат основни, елементарни услови, па потоа е на нас стручњаците да направиме со добри програми, со добри тренинзи да успееме да извадиме добри играчи
Емил Рајковиќ, тренер на Фени Индустри
Тој очекува овој позитивен момент да ги мотивира и сите во мак-баскетот, а пред се тренерите, да работат и инвестираат во себе, затоа што во младите селекции имаме многу таленти, за чие оспособување за високи дострели, потребни се квалитетни тренинзи. Тоа не е спорно за тренерот на шампионот Фени Индустри, Емил Рајковиќ, кој уверува дека Македонија има квалитетни кошаркарски стручњаци. Но, тие тешко можат да се докажат кога се судруваат со најбанални проблеми.

„Клубовите во Македонија во моментов, функционираат и тренираме во ладни сали во текот на зимат, сите клубови. Главното е да се обезбедат основни, елементарни услови, па потоа е на нас стручњаците да направиме со добри програми, со добри тренинзи да успееме да извадиме добри играчи, со тоа сигурно дека ќе се подобри масовноста, ќе има многу повеќе дечиња коишто ќе тренираат, ќе имаме база од која што ќе црпиме, и тогаш резултатите ќе дојдат, верувајте“, рече кормиларот на првакот и во Балканската лига, според кого, за кревање на квалитетот на домашното првенство, неопходно е клубовите да играат и на меѓународна сцена, како Фени и Торус во БИБЛ, и МЗТ Скопје, кој од наредната година ќе се натпреварува во Јадранската лига.
XS
SM
MD
LG